Од Министерството за Култура била донесена одлука наградите за фестивалот „Макфест“ да бидат намалени на 1500 евра за прва, 1000 за втора и 750 евра за трета награда, па поради тоа од Општина Штип излегоа со реакција во контекст на овој случај и од таму известуваат:
„Она што е најважно е што Министерството за Култура го погази сопствениот преддоговор кој го имаше со Општина Штип во кој се согласија да ги обезбедат средствата за наградниот фонд во висина од 10.000 евра за прва, 7500 евра за втора и 5000 евра за трета награда, како и останатите награди. Со анексот кој го нуди на потпис, новото раководство на Министерството за Култура се обидува да го поништо преддоговорот со кој веќе има утврдени обврски“ известуваат од Општина Штип. Поради ова, наредната година Општината сама ќе ги обезбеди средствата за наградите преку спонзори и од Буџетот на Општината.