Вечерва од Виница, коалицијата за подобра Македонија на митинг го промовираше заедничкиот кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Павлов, а промовирани беа и кандидатите за советници на чело со носителот на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ.
Новата ера за Виница почнува од овој митинг рече кандидатот за градоначалник Мартин Павлов кој додаде дека тоа може да се направи со работа, ред и дисциплина.
-Оној кој оди против волјата на својот народ нема да стигне далеку рече на митингот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Нереализирањето на ветеното, запирањето на проекти започнати од нашето ввреме ќе биде казнето на 15 Октомври кога народот силно ќе ја даде поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додаде претседателот на ВМРО ДПМНЕ на вечерашниов митинг во Виница.