Крајно сум револтиран од тоа како политиката негативно влијае врз младата популација и младинскиот активизам.
Пред 2 години бев избран за претседател на Младинската организација при СОУ ,,Ванчо Прке” – Виница. Сега доаѓа крајот на мојот мандат па за таа цел побарав одобрување од директорот на СОУ ,,Ванчо Прке” – Виница за спроведување избори се со цел да му ги предадам досегашните документи од организирани настани и канцеларијата на младинската организација на новоизбраниот претседател.
Директорот го одобри изборниот процес каде што имаше 2-ца кандидати – Дино Иванов и Тамара Лазарова. Кандидатот Дино Иванов беше подржан од неколку сопартиски професори и заедно водеа политичка кампања, што дојде до поделување меѓу учениците. Самата помисла на мешање партии ВМРО И СДСМ во младински избор на ученици од средно образование е погрешна, но сепак тоа не ги спречи ни професорите. Одредени професори прво пристапија со заплашување на кандидатот Тамара Лазарова, се со цел да ја откаже својата кандидатура за да нема никаква конкуренција нивниот кандидат. Подоцна во класовите каде што предаваат им наметнуваа влијание на учениците за кој да гласат.
Во тој момент се згнасив од глетката во гимназијата! Партиска поделеност меѓу учениците! Наметнување на ставови кај учениците и влијание кај професорите за партиски да биде изберен нивниот кандидат.
Кога станав претседател мојата цел беше младите сите заедно со соработка да направиме што е можно повеќе активности и да дојде во израз тимската соработка. Никогаш не сум сакал политичко мешање помеѓу младите и мојата цел беше секогаш да допринесам што е можно повеќе за младите како и за Општина Виница. Младинската организација кога станав претседател беше во тотален хоас! Немаше канцеларија! Немаше Лого! Напорно работев со мојот тим за младите да добијат што е можно повеќе права и подобри услови!
Сега мојата визија и мојата работа паѓа во вода поради тоа што политички се наметнува избор на претседател. Се наметнува омраза меѓу учениците!
Луѓе освестете се ние сме средношколци! Кандидатот Дино Иванов своите гласови ги собираше со тоа што одеше по училниците и велеше дека него од партијата го спремале за градоначалник во наредните 10 години и тие што ќе го гласале ќе ги вработил!
После целата револтираност се одлучив да ја подржам Тамара Лазарова за претседател на младинската организација при СОУ ,,Ванчо Прке” – Виница. Тамара Лазарова според неофицијални анкети имаше тројно водство наспроти кандидатот Дино Иванов. Во тој момент професори и професорки (сопартици на Дино) отишле кај Директорот на СОУ ,,Ванчо Прке” се со цел изборниот процес да биде саботиран.
Добив повик од директорот дека изборите се прекинати и процесот ќе продолжи во септември се со цел да не бидам присутен додека на нечесен начин ќе биде избран политички кандидат како претседател на Младинската организација! Се обидов процесот да продолжи бидејќи се беше договорено но сепак директорот не дозволуваше.
Овој акт од страна на директорот е тотално непрофесионален. Постапките на директорот докажуваат дека сакаат претседател на Младинската Организација да биде политички кандидат – човек кој што ќе биде лесно упрауван од страна на службите, а не човек кој ќе продолжи да се бори за правата на младите и општото добро на Гимназијата и Општината! Професорите исто така наметнуваа влијание и кога повотрно согледаа дека нема да победи нивниот кандидат се одлучија на саботажа на изборите!
П.С. Од многу професори добив пофалба како најдобар Претседател во СОУ ,,Ванчо Прке” – Виница. Сите ми велеа да продолжам! Но како да продоложам??? Кога политички се наметнуваат работите! Јас никогаш не сум сакал политички да дејстувам! Сум се трудил да изградам вредности на траспарентност кај младите и желба за тимска работа се со цел да направеме нешто корисно за Гимназијата и за Општина Виница. Од секогаш сум бил против одењето на младите во странство, но сега го променувам моето мислење.
КАКО ДА ОСТАНАМ ВО ДРЖАВА КАДЕ ШТО КОРУПЦИЈАТА Е НА ПРВО МЕСТО!? САБОТАЖА НА МЛАДИНСКИ ИЗБОРИ!? САКАТЕ ДА ОДИМЕ ВО ЕВРОПА? СО ВАКВИ ПОДЛИ ПОСТАПКИ? ПОТОА СЕ ЧУДИТЕ ЗОШТО ГУБИТЕ ТАЛЕНТИ И ЛУЃЕ КОЈ СЕ ЗАЛАГААТ ДА НАПРАВАТ НЕШТО ПОДОБРО. ОД СЕКОГАШ СУМ САКАЛ ДА НАПРАВАМ НЕШТО ДОБРО ЗА ОВАА ДРЖАВА НО ПОСЛЕ ОВА КАКО? ПОСЛЕ САКАТЕ МЛАДИТЕ ДА СЕ АКТИВИРААТ? ПА ВИЕ ТОЛКУ ПОЛИТИЧКИ СЕ МЕШАТЕ И ГИ ТРУЕТЕ МЛАДИТЕ ШТО НА КРАЈОТ НИКОЈ НЕМА ДА ОСТАНЕ!
БАРАМ ПОДРШКА ОД СИТЕ СОГРАЃАНИ. СПОДЕЛЕТЕ ГО ОВОЈ СТАТУС! НЕКА ВИДАТ СИТЕ ЗОШТО МЛАДИТЕ НЕ САКААТ ДА ОСТАНАТ ВО ОВАА ДРЖАВА И ЗОШТО ТИЕ ШТО ИМААТ ВОЛЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ПОДОЦНА СЕ ОТКАЖУВААТ!
ГО ЗАМОЛУВАМ ДИРЕКТОРОТ НА ГИМНАЗИЈАТА КАКО И ПРОФЕСОРИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ГИ ТРУЈАТ МЛАДИТЕ СО ПОЛИТИКА! БАРАМ ОД ДИРЕКТОРОТ ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС ДА ПРОДОЛЖИ.
МОЕТО БАРАЊЕ Е ЈАСНО – МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ДА ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА СО ТОА ШТО ЌЕ ИМА ТИМСКА РАБОТА ПОМЕЃУ МЛАДИТЕ И НАПРЕДОК НА МЛАДИТЕ ВО ОПШТИНАТА, а НЕ ПОЛИТИЧКА ПРОПАГАНДА, НЕПРАВДИ И САБОТАЖА!
Фејсбук статус на Слободанчо Горгиев