Мрежата #Бојкотирам Ве повикува за прослава на роденденот на Република Македонија.
Ќе има музика, маички #Бојкотирам и роденденска торта.
Прославата ќе започне на 8-ми Септември-Денот на Независноста на Република Македонија во Градскиот парк кај “Школка” со почеток во 17.00 часот.
Во 19.00 часот прославата ќе се префрли пред Домот на Македонската демократија-Македонското собрание.
Се покануваат сите слободољубиви граѓани да присуствуваат.