Општина Македонска Каменица во соработка со Културно-информативен центар „Романса“, Јавното претпријатие „Камена Река“ и Здружението на граѓани „Еленец Цера“ од село Цера ја организира традиционалната средба со иселениците – „Ден на дијаспора“.
Оваа средба предизвикува се поголем интерес и годинава се очекува рекорден број на посетители да го посетат Еленец. Во рамки на „Ден на дијаспората“ годинава за првпат ќе се одржи „Бизнис форум со стопанственици и иселеници за искористување на потенцијалите на Македонска Каменица“.
Во рамки на официјалниот дел ќе ги презентираме можностите за инвестиции во Македонска Каменица, можностите за подобрување и продлабочување на соработката со македонските иселеници, но и можностите за збратимување со европски градови во кои живеат поголем број Македонци.
Во рамки пак на неофицијалниот дел предвидено е одржување на целодневна културно забавна програма со македонската музичка звезда Даниела Темелковска и локалниот музички состав „Актив Бенд“.
Македонска Каменица ве поканува сите, на 12-ти Август да го посетите „Еленец“, и да бидете дел од природните убавини со кои располага Македонска Каменица и преку целодневно заедничко дружење да размените идеи, искуства и предлози за подобар развој и живот во градот и источниот регион.


