• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

НА 26.08.1896 година е роден контрадикторниот злосторник на Македонскиот народ Иван Ванчо Михајлов

август 25th, 2019 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 2393

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
НА 26.08.1896 година е роден контрадикторниот злосторник на Македонскиот народ Иван Ванчо Михајлов

Иван Михајлов Гаврилов (26 август 1896 – 5 септември 1990), познат уште како Ванчо Михајлов, Ванче Михајлов и Радко — раководител на ВМРО и контроверзна историска личност во Македонија. Се школувал во Штип, Солун и Скопје, каде што завршил гимназија (1915). По Првата светска војна студирал право на Софискиот универзитет, бил еден од основачите и прв претседател на студентското друштво „Вардар“. По пристапувањето во ВМРО бил секретар на Тодор Александров, пунктов началник за Софија, а по убиството на Александров бил член на ЦК на ВМРО (1925), реизбран и по убиството на Александар Протогеров (1928). До 1928 година бил одговорен за снабдување на Организацијата со муниција. Од 1928 година ВМРО никогаш не одржало официјален конгрес на кој тој поднел извештај за неговата работа.

Дејствувал за обединување и независност на Македонија, но како бугарска земја (со бугарско мнозинско население). Независноста на Македонија ја гледал од политички и државни цели, а не од национални потреби на македонскиот народ. На Пиринскиот дел на Македонија гледал како на основно јадро – Пиемонт за обединување на другите делови на Македонија.

Бил приврзаник на индивидуален терор, преземал терористички акции за ликвидација на опонентите. Во времето на неговото раководење на Организацијата во Пиринскиот дел на Македонија воспоставил, со согласност од бугарската држава, паралелна полуофицијална власт, претворајќи го во своја воена и финансиска база. Дел од собираните средства наменил за материјална помош на сиромашните, со кујни за бесплатни оброци за безимотните, за изградба на училишта, болници, поправка на локални патишта, стипендии за сиромашните ученици и студенти и др. Се ангажирал и за доделување земја и материјална помош на безимотните македонски бегалци.

Применил нова стратегија во борбата на ВМРО: изведување терористички акции и атентати со тн. тројки и петорки. Одржувал блиски односи со Владата на Бугарија, а имал поддршка и материјална помош и од Италија.

Според јавно достапни извори од Централната разузнавачка агенција (CIA) на САД по 19-мајскиот преврат и забраната на ВМРО (1934) бил тајно пренесен во Турција (официјално емигрирал), а оттаму заминал во Полска (1938). За време на Втората светска војна престојувал во Загреб, кај Анте Павелиќ како негов специјален гостин и соработувал со германските воени служби. По доаѓањето на Германците во Загреб Михајлов се преселува во Виена каде живее како специјален гостин на Нацистите. Пред крајот на војната, со поддршка на Германците, дошол во Македонија, Скопје, септември 1944, со задача да формира квислиншка Независна Држава Македонија, но не нашол на поддршка.

Според наодите на CIA од 1953 година Организацијата предводена од Михајлов „нема приврзаници ниту, пак, групи во Македонија, Бугарија и Европа туку само во САД и Канада каде неговото влијание е сѐ уште големо.“ Македонската патриотска организација (од САД) во овој период е одговорна за издржувањето на Михајлов. Извесен Љубен Димитров е одговорен за обезбедувањето на финансии Михајлов. Во овој период МПО обезбедува околу 8000 американски долари годишно (овие средства соодветствуваат на околу 73.000 долари во 2019 година) за Михајлов и дополнително ги покрива неговите трошоци.

Тој е сметан за бугарофил од официјалната историска наука во Македонија и за деец на бугарското национално-ослободително движење во Бугарија. Иако Михајлов не признавал посебна национална самобитност на населението во Македонија, тој се залагал за назависна и обединета Македонија со главен град Солун.

Во извештајот на CIA од 1953 година се вели „Како заклучок би можел да кажам дека Иван Михалов е гангстер, терорист на кои не може да му верува ниту САД ниту било кој друг; тој управува со ВМРО и со МПО единствено за лична корист.

Ванчо Михајлов е роден во Ново Село, Штип. Од 1910 година Ванчо бил ученик во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Малку пред Меѓусојузничката војна (позната уште и како Втора Балканска војна) го напуштил Солун и се вратил во Штип. Го завршил образованието во српска гимназија во Скопје. По завршувањето во 1915 година, како одличен ученик му било предложено од страна на српското министерство за просвета да продолжи своето образование како стипендист во кој универзитет си одбере во Европа. Михајлов одбил, и за време на Првата светска војна (1915-1918) бил бугарски чиновник во Штипската општина, како во 1918 година закратко постапил во бугарската војска. По Солунското примирје ја напуштил армијата, а во 1919 се запишал за студент на Правниот факултет во Софија. Истата година бил привлечен во редовите на ВМРО од Тодор Александров во Задграничното претставништво на организацијата. Во 1920 бил еден од основачите на Македонското студентско друштво Вардар и прв негов претседател.

По потпишувањето на Мајскиот манифест во 1924 година, Тодор Александров бил убиен (31 август 1924) и раководството на ВМРО го презема Иван Михајлов кој се пресмета со своите противници. Во Благоевград Михајлов ги кани главните македонски дејци на левицата на ВМРО и раководителите на Илинденската организација, и со помош на бугарската војска и полиција ликвидирал десетици дејци на Македонската левица, меѓу кои и Арсениј Јовков. Посе тоа ги ликвидира војводите Ѓорѓи Поп Христов и Панчо Михајлов. Го наредува и убиството на Ковачев и Тодор Паница.

На 31 октомври 1927 година српската власт во Штип ги убива татко му Михаил Гаврилов и поголемиот брат Христо Михајлов. На 7 јули 1928 година по негова заповед бил убиен генерал Александар Протогеров.

На негова иницијатива во Женева од 14 јуни 1926 година започнал да излегува од печат весникот “Ла Маседоан”. Исто така ги поткрепувал дејностите на Македонскиот Научен Институт во Софија, Македонската Патриотска Организација за САД и Канада и весник Македонска Трибуна.

На 21 јули 1928 година во село Крупник, Горноџумајско, е одржан Седмиот конгрес на ВМРО, на кој Ванчо е повторно избран за член на новиот ЦК. Во 1934 година учествувал во организацијата на убиството на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј, Франција. Избегал во Турција во 1934 година, по воениот преврат во Бугарија, кога ВМРО била забранета. Таму бил уапсен до 1938 година, кога бил пуштен и заминал со својата сопруга Менча Крничева во Полска.

По окупацијата на Полска, го добил правото да живее во Варшава. Кога била создадена независната Хрватска држава во 1941, се преместува во Загреб, кај својот верен пријател Анте Павелиќ, каде живеел до крајот на Втората светска војна. После војната живеел во Австрија, Шпанија и Италија. Таму има напишани доволен број на книги на македонска тематика.
Ванчо Михајлов умрел од природна смрт на 5 септември 1990 година во Рим, Италија.

Иван Михајлов од официјалната македонска и комунистичката бугарска наука е сметан за најцрната личност во историјата на македонското револуционерно движење. Според комунистите, тој е човекот кој преку ликвидирање на највидните македонски револуционерни дејци, успева раководењето на ВМРО да и го предаде целосно во рацете на бугарската фашистичка клика. Михајлов е заслужен за убиството на десетици македонски и бугарски комунисти за време на таканаречените горноџумајски атентати. По падот на комунизмот во Софија е подигната спомен-биста на Михајлов. Во Музејот на македонската борба во Скопје исто се наоѓа восочна фигура на Ванчо Михајлов.

Идејата за слободна и независна Македонија е толку голема; правдата. за којашто македонското население се бори, така очигледна; самата борба така сеоддајна и идеалистички водена; објективните странски познавачи на вистината за Македонија толку авторитетни и многубројни што за секој чесен човек е лесно да ја разбере таа вистина, а заедно со тоа и големината на непријателските аспирации кон Македонија.

Извори:
1.Предавствата и атентатите во македонската историја, Виолета Ачковска и Никола Жежов, Скопје, 2004 год
2.Македонија Швајцарија на Балканот

Пишува: Vanco Milenkovski

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Љубомир Цуцуловски: КРУГ
Следна објава Христијан Мицкоски: Одговорот на младите на крими куфер политиката е подготвен куфер за одење надвор и напуштање на земјава
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 386
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 642
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 773
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 419
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 406
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 669
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 433
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 734
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 406
Жена на денот
Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

Хелен Мирен - живејте го животот без грижи

1028
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2007
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 2022 1054
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 201920
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Димитар Апасиев - " СДСМ полека прераснува во тиранија"
Македонија

Димитар Апасиев - " СДСМ полека прераснува во тиранија"

Авг 4th, 201817
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.