Еднодневна планинарска акција
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАТЕКАТА.
Должина на патеката. 13км(6.5кмx2)
Времетраење. 5 часа(4 часа+1час пауза)
Тежина на патеката: умерена
Висинска разлика: 540м
Паузи: Повеќе(Најдолгата на Илински врв,1час)
Патеката е целосно очистена и обележана
АТРАКЦИИ
Илински врв(1127м)
Монашки пештерски испосници
Пештерски цркви
Воденични пештери
Вулкански карпи,ингимбрити
Атрактивниот кањон на Лесновска река
Лесновски кратер
Лесновска купа
Вулкамскиот рељеф
Прекрасни пејзажи и панорама
Лесновскиот манастир
Вкусна локална храна
Сите овие атракции ќе ги посетиме и уживаме во нив
Патеката стартува во 9 часот на 1км над Злетово,поминува низ многу атрактивен вулкански предел покрај интересни локации и покрај испосницата на Св.Гаврил Лесновски постепено и благо се издига до рамна површина на повисока локација одкаде што непосредно се гледа атрактивниот кањон на Лесновска река и необичните форми како последица на силни вулкански активности во минатото и по кусо пешачење повторно доаѓаме до многу атрактивната локација Лесновските воденични пештери кои што ги разгледуваме и по нив ја посетуваме и пештерската црква Св.Богородица па од таму се упатуваме кон Лесново при што од височинката се пружа неверојатно убава глтка кон Лесновскиот манастир и Лесново,па по кратка пауза и уживање во глетката продолжуваме кон Лесново поминувајќи низ него и се упатуваме кон Илински врв по блага угорнина,се искачуваме на врвот и ја посетуваме несекојдневната и атрактивна пештерска испосница во која што престојувал Св.Гаврил Лесновски и потоа се враѓаме на врвот правиме подолга пауза и уживаме во прекрасните и единствени глетки од каде што се гледаат Јакупица,Скопска Црна Гора,Шара,Осоговски планини,Плачковица,Огражден,Беласица,Кожуф,Штипско,Овче Поле,Кратовско,Злетовска река,прекрасна панорама на Лесново и Лесновскиот манастир… После одморот полека се спуштаме надолу по густа дабова шума до Лесново го посетувааме манастирот,се спуштаме и враќаме на појдовното место.каде што завршува патеката.
ПОТРЕБНО ДА ЗНАЕМЕ:
Потребна е задоволителна психофизичка подготвеност
Планинарска облека и опрема прилагодена на годишното доба и временските услови(за овој терен ви се потребни планинарски кондури со тврд ѓон)
Вода: 1л
НАПОМЕНА: Секој учествува на своја одговорност
Почитувајте ги насоките и советите на водачите
ВНИМАНИЕ
Место на собирање: Малиот плоштад(Десетски гумна) во Злетово
Собирање: До 8.50 часот
Во 8.50 часот .сите заедно од плоштадот Десетски гумна во Злетово со своите возила се упатуваме кон стартното место над Злетово
Старт на патеката: 9 час
Сите возила ги оставаме на стартното место и на враќање повторно си ги земаме од истото место.
ПРИЈАВУВАЊЕ:Моб. 070 928 923, E-mail. mitevskislavce1@yahoo.com
Рок: 20 март 2020
Извор: Фејсбук


