Еден од двајцата потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва гостува во емисијата “Заспиј ако можеш” на Телевизијата АЛФА. Николоски за ова гостување најави многу нови ексклузивни информации кои што се однесуваат за политичките состојби во државата, како и за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ.
Емисијата започнува во 22.30.
“Вечерва од 22:30 гледајте ме на ТВ Алфа на интервју во „Заспиј ако можеш“ . Исклучително добро интервју со многу нови ексклузивни информации. Гледајте!”
-напиша на фејсбукн во врска со оваа најава Николоски.


