Меѓународната соработка на ВМРО-ДПМНЕ оваа есен се повеќе се интензивира. Во редот на работни состаноци кои што на највисоко ниво во опозициската партија се реализираат од страна на Претседателот Мицкоски се вбројува и денешниот состанок со швајцарската амбасадорка во Република Македонија Сибил Сутер Техада.
На средбата било разговарано за актуелните кризни моменти во државата во врска со пандемијата со Ковит-19 како и економскиот ефект на кризата.
Мицкоски посебно внимание во рамки на средбата обрнал на неспособноста на актуелната власт предводена од СДСМ да се справи со предизвиците како и на високото ниво на корупција кое е присутно на секое ниво во државата.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Христијан Мицкоски во врска со оваа средба:
“Заедно со членот на Извршниот Комитет, Стефан Андоновски денес остваривме средба со швајцарската амбасадорка во Македонија, Сибил Сутер Техада. На средбата разговаравме за актуелната политичка и економска состојба, но и здравствените предизвици предизвикани од пандемијата од Ковид-19.
Потенцирав дека власта нема капацитет и не знае како да се справи со пандемијата, а поради тоа Македонија секој ден бележи нови црни денови и стана лидер по морталитет на милион жители во регионот.
Истакнав дека владата предводена од СДСМ нема способност ниту план да се справи со економската криза, а како резултат на тоа над илјадници граѓани ги губат работните места, бизнисите се затвораат, а нови инвестиции нема ниту на повидок.
Укажав и на извештајот на Европската комисија во кој се нотирани слабостите, но и злоупотребите на механизмите и институциите од страна на власта. Беше посочено дека ЕК забележува дека власта не се справува со корупцијата која е навлезена во секоја пора од општеството.”


