Денеска 11.04.2022 година (понеделник) со почеток во 18.00 часот во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи промоција на Локалниот младински совет на општина Кочани.
Јавната трибина е отворена за сите млади кои што се заинтересирани да се информираат и по можност да се вклучат како соработници на Локалниот младински совет, но и за сите останати граѓани и јавност. На трибината ќе се разговара за програмата за работа на советот и ќе започнат првичните подготовки за негов активен допринос во развој на младинските состојби во Кочани.
Јавна покана за присуство на овој настан упатија од кабинетот на градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов


