На денешен ден, на 43 годишна возраст во 1924та година, е убиен еден од најголемите македонски војводи, Тодор Александров.
Човек кој во иторијата на ВМРО ќе остане забележан како најголем обединувач на Организацијата.
Во една прилика во 1923-та година во Лондон, британскиот генерал Томпсон за Александров ќе рече:
– Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде ќе стаса Тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајќи ги во шепот зборовите:
-Тодор ќе минува оттука.
Вечна ти слава Војводо !


