ЗА ПЛАТИТЕ НА ДАСКАЛИТЕ
Не можам да разберам зошто за владата претставува проблем покачувањето на платите на просветните работници кога нашата држава, нели, блеска на сите полиња, особено на полето на економијата? Згора на тоа, покрај триесетината нови фабрики кои се градат, за догодина се најавени цели 5 милијарди странски инвестиции, нели?
Еве не знам, можеби грешам. Би бил благодарен ако се одважи некој од партија и да ме поправи ако грешам.
Пишува: Љупче Петрески