• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски документи

На денешен ден во 1905 година во Загоричани започнал процесот за етничко чистење на Македонците од Егејска Македонија

март 25th, 2020 Историски документи коментари 2289

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
На денешен ден во 1905 година во Загоричани започнал процесот за етничко чистење на Македонците од Егејска Македонија

На денешен ден пред 115 години во селото Загоричани во Егејска Македонија се случиле најбрутални ѕверства против човештвото од страна на грчките андарти.

Ова антицивилизациски настан се смета за почеток на долгогодишното етничко чистење и геноцид врз Македонскиот народ во рамки на процесот за етничко чистење на Егејска Македонија кој што го спроведувале организирани вооружени групи од страна на Грција. На 25-ти март 1905 година пострадале 60-тина жители на селото Загоричани кои биле убиени на најбрутален и најнечовечен начин што е денес еднакво на злосторство против човештвото. Притоа селото во голем дел било запалено а извесен број на селани го преживеале масакрот но биле сериозно повредени.

Нивното сведоштво е запишано пред лицето на историјата о во вид на писма кои биле испраќани до тогашните европски конзули и претставници во Отоманската Империја.

„Ние, целото население, апелираме до човекољубивата и хумана Европа, апелираме до цивилизацијата, која, веруваме, не може да најде поварварски сцени, достојни на средните векови, апелираме до европското јавно мнение, апелираме и до целата природа и до сите покровители на поробените народи и гласно изјавуваме дека и ние сакаме човечки живот и човечки права или смрт!“

-стои во дел од писмото кое што било испратено на Австро-унгарскиот и Рускиот конзул.

Две години пред тоа, при задушувањето на Илинденското востание, османлиската војска, која имала наредба да го запали Загоричани, со сета своја суровост убила три пати помалку селани од грчките банди.
Еве што италијанскиот полковник Албер, офицер на италијанската армија кој учествувал во многу борби со дивите африкански племиња, напишал за убиствата во Загоричани.

„Често се случуваше наши војници да бидат заробени од Африканците и убиени. Но, убивање со таква свирепост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги опишал тие што ова злодело го сториле“.

Тој, заедно со неговиот колега Манери, австрискиот конзул Прохаска и рускиот конзул Каљ, кога пристигнале во Загоричани ден-два по злосторството, ги ставале рацете на лицето не можејќи да поверуваат во тоа што го гледаат. Обезличени тела, пресечени грклани, избодени очи, распорени гради, исечени раце и нозе… е само мал дел од описите на очевидците на овој грозоморен чин.
Велат дека пламенот во селото од далеку го посматрал и Каравангелис кој читајќи молитва, ги прашувал другите дали пламенот се намалува или се зголемува и при секое намалување, клекнувал и се молел за успех на делото.
Денес ова село се вика Василиас, што во слободен превод би значело царско село. Ова име го добило во 1928 година.

Во продолжение го пренесуваме целото писмо кое што било подготвено од страна на жителите на селото Загоричани а испратено до австрискиот и рускиот конзул:

До господата рускиот и австрискиот конзул

На 25 март во темни зори една грчка разбојничка банда од околу 200 души го нападна нашето село од сите страни. Најнапред слушнавме како свири труба, а потоа почнаа да грмат пушки „маузерки“. Населението, мислејќи дека селото ни е заобиколено од војска, не мрдна од своите места и замрзна од силниот грмеж и од динамитните бомби исфрлени на разни места и од куршумите, кои како град се сосипаа над покривите на замрзнатите селани, неподдржувани од никаде. Со голема сила, разбојниците не им дадоа на несреќните селани навреме да се соземат, и така навлегоа во селото поделени на мали банди од по 4 до 8 души […] О, Боже!!! Перото е бессилно да ги опише ужасите, злосторствата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до петици. Тие извршија ужаси нечуени досега во светската историја на човештвото. Почнаа да ги кршат вратите и да влегуваат во куќите, да убиваат и да собираат се што ќе се испречеше пред нивните крвожедни очи. Без причина убиваа мажи, жени и деца и домашни животни. Во тие критични часови голем беше лелекот по целото село! Беспомошното население, обземено од паничен страв, трчаше по улиците и избезумено бараше прибежиште за да се скрие од куршумите и од ножот на тие поклоници на „вандализмот“! Секој што падна во нивните безмилосни раце беше трагично убиен! Ниту молбите, ниту прекрстувањата, ниту бакнежите на расплаканите жени, ниту нивните солзи и писоците на малите и невини деца, ниту паричните награди, кои разбојниците ги прифаќаа на драго срце – ништо не беше во состојба да го омекне и смилостиви каменото срце на тие варвари. Првото нивно барање беше „пари“, второ, се наредија по ред, а најпосле смрт – насилничка, смрт ужасна, смрт нечовечна, смрт маченичка!!!
Сите ние ќе станевме жртва на грчката злоба, на грчкиот фанатизам, чиј водач е костурскиот грчки митрополит (Георгиос Каравангелис), ако не пристигнеше еден одред војска. При појавата на тој мал одред војска разбојниците се распрснаа и ние останатите се спасивме од сигурна смрт. Намерата на тие платени убијци била да го уништат целото село, но провидението нè спаси!!!

По тоа малку време (разбојниците отворија оган во 10 и пол часот „алатурка“. Аскерот се појави во 1 часот и по еден и пол час борба, во 2 и пол часот, бандата се повлече) додека разбојниците дивееја во нашето село, беа извршени злосторства, чии размери јасно се гледаат од таблиците што се дадени во прилог.

По сето горекажано јасно се гледа каков е нашиот живот – живот страдалнички, живот неподнослив, живот во постојана тревога! Ние, целото население, апелираме до човекољубивата и хумана Европа, апелираме до цивилизацијата, која, веруваме, не може да најде поварварски сцени, достојни на средните векови, апелираме до европското јавно мнение, апелираме и до целата природа и до сите покровители на поробените народи и гласно изјавуваме дека и ние сакаме човечки живот и човечки права или смрт!
Бараме казнување на виновниците и обезбедување на човечкиот живот и на човечките права!

-Од целото население на село Загоричани

Писмото е е објавено во зборникот „Руски документи за Македонија и македонското прашање (1859-1918)“, издание на Архивот на Македонија

Потресно сведоштво за ѕверствата на грчките андарти врз Македонците во Загоричани

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Јанушев: лекарите и здравствениот персонал на првата борбена линија со епидемијата се незаштитени
Следна објава Со света литија, света вода и молитва низ улиците на Велес, свештеници од Повардарската епархија во борба против пандемијата
Може да Ве интересира:
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 798
Дијалектите на Македонскиот јазик се присутни во Егејска, Вардарска, Пиринска Македонија, во Албанија и во Косово
Историски документи

Дијалектите на Македонскиот јазик се присутни во Егејска, Вардарска, Пиринска Македонија, во Албанија и во Косово

јули 20th, 2022 504
Иван Иванов: Манифест на Привремената Влада на Македонија - Единство од 1881 година
Историски документи

Иван Иванов: Манифест на Привремената Влада на Македонија - Единство од 1881 година

јуни 23rd, 2022 719
Ова се стиховите каде Македонија и Македонците се спомнуваат во Библијата
Историски документи

Ова се стиховите каде Македонија и Македонците се спомнуваат во Библијата

мај 30th, 2022 1052
Историски документ: Апел до Македонците во Бугарија - 1944
Историски документи

Историски документ: Апел до Македонците во Бугарија - 1944

мај 26th, 2022 487
Вашингтон Пост во 1908 г: Македонците во САД бараат од претседателот Теди Рузвелт да се заложи за автономија на Македонија
Историски документи

Вашингтон Пост во 1908 г: Македонците во САД бараат од претседателот Теди Рузвелт да се заложи за автономија на Македонија

мај 23rd, 2022 785
Бугарски Мит- Бастер: Tито не бил ни роден кога Ѓорѓи Пулевски ја испечатил првата Македонска граматика
Историски документи

Бугарски Мит- Бастер: Tито не бил ни роден кога Ѓорѓи Пулевски ја испечатил првата Македонска граматика

април 19th, 2022 734
Разобличување на бугарските обиди за фалсификат на историјата за постоењето на Македонците
Историски документи

Разобличување на бугарските обиди за фалсификат на историјата за постоењето на Македонците

април 19th, 2022 677
Дали можеби Бугарите се творба на Тито и СССР?
Историски документи

Дали можеби Бугарите се творба на Тито и СССР?

февруари 15th, 2022 1368
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1576
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1588
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.