• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Култура и традиција

Наближува Православна Нова Година. Таа во село Ѕвегор (Делчевско) се празнува најавтентично

декември 11th, 2019 Култура и традиција, Македонска бесмртност коментари 1503

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Наближува Православна Нова Година. Таа во село Ѕвегор (Делчевско) се празнува најавтентично

Постои една приказна која народот во Пијанец ја раскажува со генерации, со векови…

Тоа е приказната за големиот народен карневал под маски, кој се случува на 14 Јануари секоја година кога според Православниот (Јулијански) календар се слави (Сурова) Нова Година.

Тоа е празникот “Обрезание Господово” како и денот посветен на Свети Василиј Велики, во народот познат како Василица.

Тоа е денот кога Православните христијани кршат погача со паричка… а паричката на тој што ќе му падне му носи среќа…

Тоа е приказната за љубовта на народот кон традицијата, кон аманетот на татковците, дедовците, прадедовците…

Тоа е:

Приказната за Ѕвегорска сурова 

“ЅВЕГОРСКА СУРВА”-ТРАДИЦИЈА КОЈА ОСТАНУВА

Уште oд памтивек Пијанечкото село Ѕвегор, било центар на голем број на настани, случувања и народни обичаи. Еден од најголемите народни обичаи за кои ова село живее цела година и со кој се гордее, е  токму  карневалот под маски именуван како Ѕвегорска сурва.

Уште од времето на Отоманската империја, обичаите поврзани со Ѕвегорската сурва се одржувале во текот на денот, бидејки вечерните активности не биле дозволени од страна на Отоманската власт за христијанското население кое било малцинство во тоа време во селото.

Празнувањето на Ѕвегорска Сурва започнува во попладневните часови на 12-ти јануари кога децата и најмладите во селото нетрпеливо и со возбуда се подготвуваат за наредниот ден. Покрај маските и костимите кои децата сами си ги подготвуваат од материјали и предмети што им се наоѓаат по дома, значајна улога има т.н. “суроваска”, што претставува суров дрвен предмет од топола или врба кој се носи во рацете. На едниот крај суроваската е разгранета во вид на реси каде се врзуваат пари, бонбони или шеќерчиња.

Преку цел ден на 13-ти јануари групно или поединечно се оди по куќите од страна на најмладите од селото. Задолжително се посетува секое домаќинство. Ова е  т.н. Мала свадба која претставува одличен вовед во она што следува наредниот ден…

На 14-ти јануари се одржува т.н. Голема свадба.

Народниот обичај започнува од дамнина секоја година  пред самото изгрејсонце. Собирањето на сурваскарите се одвива до пет часот наутро, а тргнувањето низ селото на обредната поворка  е помеѓу 05.00 и 05.30 часот. Станува збор за група на луѓе од околу 60-тина лица со најразлични маски и костими, кои имаат сопствено значење и симболика.

Секој од сурваскарите со себе носи свој препознатлив реквизит кој има одредена намена и симболика. Најзастапена е т.н. “Кал’чка” што претставува дрвен меч кој го носат т.н. Белаци како реквизит за одбрана на невестата. Потоа има бастун, пендреци, кандило, ѕвонци-клопотарци итн.

При посетата на секој дом сурваскарите во еден глас извикуваат “Три-четири:СУРВАААААА” со што го најавуваат своето доаѓање на домаќините.

Потоа се врши благословување на газдата и сите по ред во куќата (Невестата целува рака, Попот роси со света вода) и од домашните добиваат подароци.

Кај домаќинствата каде имаат поставено домаќините трпеза во дворот, сурваскарите седнуваат на кратко и се послужуваат од намирниците.

Се посетуваат сите до една, куќи и домаќинства во селото, по претходно определен редослед тргнувајки од десната страна на почетокот на селото (гледано од северо-исток кон југо-запад) и правејки еден вид на круг на маршутата на сурваскарите.

Откако се заврши со посетата на сите домаќинства, групата на сурваскари се собира на местото од каде утрото тргнале. Во средиштето на групата потоа се реди невестата а околу неа белаците кои имаат улога да ја заштитат да не се открие нејзиниот лик од превезот кој го носи.

Така структурирана оваа група тргнува да се движи кон старата селска чешма на местото наречено “мегдан”. Притоа на групата се придружуваат поголем број на жители од селото и останати гости и посетители кои не мора да носат маски, но задолжително нивните лица се оцрнуваат од страна на маскираните цигани. Така на едно место можат во збиена компактна група да се најдат одеднаш над 3000 луѓе кои заедно се движат спроти селската чешма.

Притоа оваа поворка е проследена со музиката од зурлите и тапаните. Обидите за откривање на ликот на невестата редовно завршуваат со туркање, со удирање од страна на белаците по оние кои приоѓаат на невестата. На овој начин се симболизира истерување на лошите духови, негативната перцепција на изминатата година со што во новата година жителите на селото ке влезат на некој начин ослободени од товарот на минатото.

Кога групата ке пристигне кај селската чешма сеуште покриената со превез невеста пие вода од селската чешма, по што младоженецот го симнува  превезот од лицето на невестата и им ја покажува на присутните.

Таинственоста на ликот на невестата во текот на целиот обред е од најголемо значење за самите сурваскари, и постигањето на таа цел односно неоткривањето на ликот на невестата значи бериќет и успех за целото цело во наредната година.

Со тоа ритуалот е завршен и сите присутни се упатуваат кон определеното место за свечената вечера и масовната веселба која трае до раните утрински часови.

Целата манифестација се реализира од страна на Кум и старек, кои што секоја година се менуваат а се од редот на сурваскарите. Во целокупните подготовки и активности поврзани со настанот помагаат сите сурваскари.

Годината пред нас само што не започнала… Времето си чекори по својот бесконечен пат… Во Ѕвегор повторно ќе се занишаат мамурните сенки во раните утрински часови во тоа новогодишно утро, на 14-т Јануари… Утро кое ќе ја осветли годината која претстои со сите нејзини згоди и незгоди…

И оваа приказна продолжува….

Користени материјали за оваа статија од веб порталот: Дестинација Делчево

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Иван Јорданов: Почитуван Бочварски, почнавме да веруваме дека Вашите способности се доста ограничени
Следна објава Гласот на детството: Еве кои актери стојат зад волшебните ликови од руските цртани филмови
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 652
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 1017
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 1015
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 662
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 638
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 863
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 652
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1120
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 591
Жена на денот
Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

1205
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1975
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1497
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201919
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201919
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.