• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Интервју

Наше интервју со “Последен Удар”- бенд кој ќе ја пренесе жестината на скопската андерграунд сцена на Рудар Рок Фест 2022 г.

август 24th, 2022 Интервју коментари 839

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Наше интервју со “Последен Удар”- бенд кој ќе ја пренесе жестината на скопската андерграунд сцена на Рудар Рок Фест 2022 г.

Последен Удар е Панк Oi бенд од Скопје кои се претставници на најновата генерација на едно движење кое што отсекогаш од своето постење со самите почетоци на светско ниво егзистирало и на овие наши домашни простори.

Нивната музика содржи огромна количина на социјална епика со анти естаблишментски текстови што ги чини за едни од општествено најосвестените артисти во нашата држава која што во последните години кубури со луѓе кои што јавно ја пренесуваат суровата вистина која надвиснала над ова парче земја.

Преслушувајки ја музиката која ја имаат досега издадено “Последен Удар” (на нивниот bandcamp профил) било кој проективен поединец добива мотив да ги менува работите во својата околина кои што се обременети со неправди, лицемерие, измами, контрола…. Ова е дефинитивно музика која го крева духот на притиснатите, уценетите, поробените… и нуди подобра иднина креирана од нас самите за која треба допрва да се избориме.

Да не ја “тупиме” многу, задолжително е преслушувањето на целокупното досегашно творештво на “Последен Удар” и тоа по можност 3 пати на ден а во корелација на нивниот настап на овогодинишниот возобновен Рудар Рок Фест кој ќе се одржи на 26 август во Пробиштип, на момците им поставивме неколку интересни прашања кои тие експресно ги одговорија.

Интервју со

ПОСЛЕДЕН УДАР

1.www.bregalnicki.mk: Кажете ни нешто повеќе за вашиот бенд (лична карта на бендот-почетоци, постава, музика, влијанија) Зошто “Последен Удар”?

ПУ:-  Последен Удар започна летото во 2017г. како идеја за формирање на бенд кој ќе твори искрена и реална музика од секојдневниот живот. Идејата се роди во една гаража во која се собираме цела екипа за дружби. Првата постава на бендот се: Гого – вокал, Владич и Горан на гитара, Ерик на бас и Диме на тапани. Поради лични причини Ерик мораше да не напушти, со што Штуц го замени неговото место во бендот. Бендот има влијание од повеќе Ои! и Панк бендови од Европа и Балканот, како и многу домашни.

Инаку, идејата баш името Последен Удар дојде од долг и алкохолизиран муабет меѓу нас, Марио Шаревски и Четка.

2. www.bregalnicki.mk: Кажете ни нешто повеќе за досегашната музичка активност на вашиот бенд за ваши изданија и концерти.

ПУ:- Првиот настап го имавме во Скопје во тогашниот рок бар Рокси заедно со Цепени Ќунци од Ладовица (Србија), каде што имаше повеќе од 200 луѓе, што ни даде голем мотив да продолжиме.

Следно, свиревме во МКЦ заедно со Ритам Нереда (Србија), Д-Фест во Дојран, United Along The Lake во Охрид, Пивски фестивал во Ладовица и уште многу локални настапи.

Имавме една промоција на ЕП со 5 песни во 2018 и уште една промоција на албумот “Не сме како вас” во МКЦ 2019г.

3. www.bregalnicki.mk: Можно ли е еден андерграунд бенд како што е “Последен Удар”  успешно да опстои со творење и активност во Скопје/Македонија? Колку е тешко да се функционира во денешни услови на брз живот и постојан трка по егзистенција?

ПУ:- Не е лесно, сепак оваа музика сеуште не е општо прифатена од пошироката јавност, но твориме, опстоиме, правиме свирки и се забавуваме, тоа е најважно.

4. www.bregalnicki.mk: Има ли денеска публика за OI Панк музика, каква е состојбата со сцената општо во Македонија па и пошироко на Балканот со ваков вид музика?

ПУ:- Па според наше мислење и тоа што го гледаме од бина, мислиме дека иде во добар правец. Нас не радува кога на настап ќе видиме дека има многу млади генерации кои ја слушаат оваа музика и секој настап се во се поголем број. Во последно време излегуваат нови бендови, па можеби нема да останеме ние Последниот Удар во панк музиката.

5. www.bregalnicki.mk: Со која постава ќе се претставите на овогодинешниот Рудар Рок Фест. Што да очекува публиката од вас на сцената?

ПУ:- Поставата е таа и не се менува.

Публиката може да очекува дека ќе го дадеме нашиот максимум како и секогаш, нема многу филозофија околу тоа прашање.

6. www.bregalnicki.mk: Какви се вашите планови за во иднина? Дали планирате снимање синглови/албуми или пак можеби концерти?

ПУ:- Моментално работиме на новиот албум, кој се надеваме дека за брзо ќе излезе во јавност. Исто така работиме и на датуми за настапи, моментално некои се потврдени, а за некои чекаме, па планираме да прошетаме низ Македонија и да ја завршиме годинава по планираното.


  • Ознаки
  • OI
  • андерграунд
  • концерт
  • панк
  • Последен Удар
  • Пробиштип
  • Рудар Рок Фест

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Извештај за реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.08.2022 година
Следна објава Реализација на дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 22.08.2022
Може да Ве интересира:
Наше Интервју со членовите на бендот "Крпен живот" од Пробиштип во пресрет на нивниот настап на Рудар Рок Фест на 26.08.2022 г.
Интервју

Наше Интервју со членовите на бендот "Крпен живот" од Пробиштип во пресрет на нивниот настап на Рудар Рок Фест на 26.08.2022 г.

август 23rd, 2022 1268
"Наше Интервју" со Енко и Сецко од Last Expedition
Интервју

"Наше Интервју" со Енко и Сецко од Last Expedition

август 22nd, 2022 698
Наше интервју со Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Мaкедонска Каменица
Интервју

Наше интервју со Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Мaкедонска Каменица

август 21st, 2022 2700
Кратко интервју со Station: Innermost- еден од бендовите кои ке настапат на Рудар Рок Фест 2022 во Пробиштип на 26 август
Интервју

Кратко интервју со Station: Innermost- еден од бендовите кои ке настапат на Рудар Рок Фест 2022 во Пробиштип на 26 август

август 17th, 2022 1230
Традицијата продолжува: Интервју и најава за Рудар Рок Фест- Пробиштип на 26 Август 2022 год. во градскиот парк
Интервју

Традицијата продолжува: Интервју и најава за Рудар Рок Фест- Пробиштип на 26 Август 2022 год. во градскиот парк

август 15th, 2022 1147
Наше Интервју: Dreamers (Сонувачи) со нова четврта песна насловена "Тишина"
Забава

Наше Интервју: Dreamers (Сонувачи) со нова четврта песна насловена "Тишина"

јуни 18th, 2022 536
Николај Азаров – САД со години разработуваа разни вируси во биолошките лаборатории во Украина
Интервју

Николај Азаров – САД со години разработуваа разни вируси во биолошките лаборатории во Украина

март 11th, 2022 1139
Ексклузивно интервју за Брегалнички портал со Тит Турншек- поранешен Министер за одбрана на Словенија и бивш амбасадор во НР Кина
Интервју

Ексклузивно интервју за Брегалнички портал со Тит Турншек- поранешен Министер за одбрана на Словенија и бивш амбасадор во НР Кина

февруари 28th, 2022 1082
Ексклузивно интервју со Валериј Коровин за Брегалнички Портал: Мировна операција или окупација на Украина? Руски реванш за 2014?
Интервју

Ексклузивно интервју со Валериј Коровин за Брегалнички Портал: Мировна операција или окупација на Украина? Руски реванш за 2014?

февруари 24th, 2022 1075
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

877
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3099
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1441
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201818
Средба на Данела Арсовска со амбасадорот на Полска во Македонија
Македонија

Средба на Данела Арсовска со амбасадорот на Полска во Македонија

Мар 28th, 202217
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201916
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.