Во рамките на настанот „Еднаквоста во фокус“ по повод меѓународниот ден на лицата со посебни потреби во организација на музејот „Теракота“ во Виница , е планирана изложба на фотографии со хуманитрно продажен карактер. Изложбата содржи 30тина фотографии од кои повеќето од нив се направени од страна на лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Виница, како дел од проектот Едукативна работилница на тема „Стара архитектура“.