И со почетокот на месец октомври со што временските услови почнуваат да се влошуваат за работа на терен, вработените на јавните претпријатија во Штип продолжуваат со своите планирани активности на терен. Во текот на вчерашниот ден екипи на вработени во Јавното Претпријатие “Стипион” Штип работеа на повеќе локации во општината, во реализација на повеќе активности и зафати со кои се овозможува подобри услови за живот на граѓаните на општината Штип.
Вчера започнаа активности за дефинирање на нов кружен тек кај црквата “Св. Никола” со кој што ќе се обезбеди поголема проточност на сообраќајот, но и ќе бидат подобрени и сообраќајните услови за возачите.
“Дневни активности на Стипион 04.10.2022
Работа за нов кружен тек кај црквата св. Никола
Целосно заврешена работа на спортско рекреативниот центар Дузлак ( завршни работи)
Целосно завршено санирање на атмосферски канал на улицата Еврејска
Уредување околу споменик во паркот К’ртеќе”
-стои во извештајот за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” за ден вторник 04.10.2022 година.