• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Христијан Мицкоски ги става сите контакти на располагање на владата за ублажување на кризата за граѓаните и стопанството

октомври 5th, 2022 Македонија коментари 362

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Христијан Мицкоски ги става сите контакти на располагање на владата за ублажување на кризата за граѓаните и стопанството

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски загрижен за исходот од актуелната енергетска криза за граѓаните и стопанството ги понуди сите свои капацитети и контакти на партијата за ублажување на неповолните ефекти кои се случуваат тековно но уште поголеми се на повидок во државата во периодот кој следува.

“После речиси два часа состанок можам да кажам дека како што бев загрижен пред состанокот истата загриженост ја споделувам и сега веднаш после состанокот. Мислам дека во периодот кој што следи е потребно силно да работиме, да ги надминеме сите проблеми кои очигледно ќе ни се случуваат бидејќи она првично сценарио кое како претпоставка сите ние го имаме, а тоа е да ни бидат функционални трите блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј, двете турбини во Неготино, вклучително и добрата кондиција на хидропотенцијалот, зајакнати со ТЕ-ТО Скопје, во суштина е тешко да се реализира,”

-соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата во Владата со премиерот, која траеше 2 часа.

-Ние сме подготвени да ги ставиме на располагање сите позиции со кои што располагаме, од страна на Димитар Ковачевски лице за контакт беше одреден министерот за економија, Крешник Бектеши. Веднаш после оваа средба ќе ги контактираме нашите позиции, ќе ги пренесеме контактите до министерот Крешник Бектеши и од тој момент понатаму очекуваме оваа неизвесност во која што во моментов се наоѓа Македонија, граѓаните и стопанството да се ублажи. Односно да обезбедиме евтин ресурс со кој што ќе можеме да обезбедиме евтина струја односно поевтина од таа што е на берзите, а со што ќе им помогнеме на граѓаните, на стопанството и на државата, истакна тој.

Мицкоски преку медиумите им соопшти на граѓаните за што се разговарало на средбата.

-Ќе почнам од почеток со предлогот кој што го дадов, ако ја имаме оваа претпоставка за која што сега зборував оперативна, предлагаме позиција која што ќе обезбеди значително поевтин ресурс за ТЕЦ Неготино. Цената по која што тој ресурс ќе биде донесен до ТЕЦ Неготино нормално и комерцијалните услови ќе си испреговара и Владата, зголемена за трошоците на производство на тој ресурс ќе даде цена на електрична енергија која што ќе биде најмалку два пати помала од таа која што во вој момент е на берзите. Таа количина на електричната енергија нашиот предлог е да ја отстапиме на стопанството. Зошто на стопанството? За да спасиме илјадници работни места на нашите сограѓани. Затоа што компаниите не можат да плаќаат цена на електричната енергија која што е на берзите односно берзанската. Не се во кондиција, не се во ликвидносна состојба, не се во финансиска кондиција, а еднашка ако тие затворат, тоа  значи дека многу тешко потоа ќе ги отворат своите бизниси. Затоа велиме тие количини кои ќе бидат по отприлика овие цени, обезбедени од ресурс, од позициите кои што ги ставаме на располагање да бидат дадени на стопанството, рче тој.

Објасни дека бидејќи во системот ќе недостасуваат тие количини во она првично сценарио да работат двете турбини во ТЕЦ Неготино, ќе недостасуваат.

-Подготвени сме да ставиме друга позиција која што ќе обезбеди ресурс за производство на електрична енергија и топлина од ТЕ-ТО Скопје, електрична енергија која ќе ја користат граѓаните и индустријата на регулираниот пазар, а топлината која ќе ја користат сите оние корисници на топлина кои ги плаќаат своите сметки во БЕГ. Со сето ова ќе спасиме многу илјади работни места, ќе обезбедиме поевтин ресурс, не можеме да обезбедиме ресурс кој бил во минатото, но можеме драматично поевтин ресурс да обезбедиме и цена на струја која ќе биде најмалку два пати помала од таа која што во моментов е на берза. Зошто изразив загриженост дека првичното сценарио нема да биде оперативно. Затоа што според нашите  параметри и податоци со кои располагаме, денеска работи само еден блок во РЕК Битола, тоа е блокот број 2, тој произведува од 152 до 170 мегавати електрична енергија, а не 200 или 210, затоа што не работат двете турбини во ТЕЦ Неготино, туку работи една која произведува 70 мегавати, а не двете 160, затоа што хидропотенцијалот не ние на 75-80% туку е на 29% од расположивиот и е загрижувачка судбината затоа што вие пред грејната сезона треба да влезете со потенцијал од 75-80%, затоа што една греда нема 350, 400, 450 илјади тони јаглен, има за десетина пати помалку и тоа е загрижувачки. Затоа што нема јасна претстава дали имаме гас или немаме гас. Затоа велам дека сум загрижен и затоа треба да направиме се што е во наша моќ да им помогнеме на граѓаните, да и помогнеме на Македонија, да му помогнеме на стопанството, посочи Мицкоски.

Тој понатаму во изјавата посочи:

„Второ, го изложивме концептот кој што го содржи законот за измени на Законот за енергетика што вклучуваат мигрирање на сите јавни претпријатија, и тука не мислам само на општинските, тука мислам на сите јавни претпријатија вклучително и на државните кои што се занимаваат со комунална и водостопанска дејност, да мигрираат од слободниот на регулираниот пазар според тарифата што ја плаќаат компаниите кои што се на регулиран пазар. Не граѓаните, компаниите и сите објекти во образованието и сите објекти кои што се дел од здравствениот систем во државата затоа што трошоците ќе бидат големи, а парите ќе завршуваат за трговците за увезената струја. Ако се искористат овие 12 и 5, не 5 до 12, ако се искористат овие моменти 12 и 5 и да се обезбедат овие ресурси, тогаш најодговорно тврдам дека Македонија нема да има потреба од увоз на електрична енергија, но под претпоставка првичното сценарио Владата да успее да го задржи оперативно. Кога зборувам оперативно, зборувам да работат трите блока во Битола, да работи Осломеј, да работат двете турбини во Неготино, да работи хидропотенцијалот и да работи ТЕ-ТО Скопје. Ако тоа не се случи, тогаш ценам дека несериозен е пристапот на Владата, несериозен е пристапот на ресорните и надлежните луѓе и дека во тој момент ВМРО-ДПМНЕ како одговорна државна партија која што има државнички карактер и покрај помошта што ја нуди и покрај сите овие концепти кои што морам да бидам искрен до крај, делуваа прифатливо за луѓето со кој што денес бевме на иста маса, ќе го осуди тој чекор и ќе стори се што е во нејзина моќ да им помогне на граѓаните и стопанството, да ја поминат оваа есен и оваа зима кои што се прилично тешки и прилично захтевни“.

-Во третиот дел го понудивме концептот како догодина да не ни се повтори оваа работа затоа што треба да ги направиме сега сите подготовки и догодина да се справиме повторно со сите овие предизвици затоа што нема да заврши сега кризата. Тука зборувавме за изградба на кракот пругата од Длапкин Дол – Осломеј во должина од 7 километри, за изградба на крак од пругата којашто доаѓа до Битола до РЕК Битола. Зошто е тоа потребно? Затоа што на тој начин ќе се намалат транспортните трошоци за увозниот јаглен, драматично ќе се намалат можеби и до 30 проценти од моменталните и на тој начин ќе имаме уште поевтин увозен јаглен којшто ќе го засили домашниот, ќе го хомогенизира домашниот и агрегатите ќе може да произведуваат поевтина струја од таа што ќе биде на берзата. Сето ова беше разговарано денеска. Целиот концепт, жалам што дали поради суета, дали поради инает или не знам поради кои причини до оваа средба не дојде порано, иако јас уште од четвртокот ја барав, изгубивме драгоцено време и можевме на тој начин да можеби денес зборуваме веќе за решение за договори а не да започнуваме од почеток. Времето е кратко, состојбата е комплицирана насекаде во Европа, но кај нас мислам дека последицата дека кај нас сето ова што ни се случува е последица не само затоа што состојбата во Европа е комплицирана, туку и од би рекол слабиот потенцијал со коишто менаџерски располага Владата и компаниите коишто се задолжени за да ги обезбедат овие ресурси, истакна Мицкоски.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Не запираат активностите на вработените на ЈП "Стипион" Штип, во функција на подобрување на стандардот за живеење во општината
Следна објава Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 566
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 544
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 535
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1195
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 517
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 596
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 322
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 564
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

1166
Маж на денот
Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

Џејсон Кларк - Човекот заљубен во својата мистериозност

1234
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.