Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на отварање на нов партиски штаб во Валандово,
Од таму ги упати следните пораки:
Навршуваат две години од оваа влада, две години исполнети со неправди, со многу криминал, пропуштени шанси, упропастени судбини, време кога се зголемија даноците, кога се обидоа да ги понижат земјоделците, почнувајќи од оние кои ги сечат овошките, до маката на јаболкарите, лозарите кои ги измамија, тутунарите чија мака не се почитува и тоа во време кога министерот за земјоделие се фали така лесно, без морал како шопингувал во Дубаи.
И се повеќе луѓе ја гледаат оваа неправда и затоа се повеќе луѓе ни се приклучуваат во битката да ја вратиме Македонија на вистинската патека, патеката на достоинството и победите, на правдата и честитоста. И го гледам премиерот на дебатата, така нервозен, некомотен, се препотува, постојано не ја говори вистината, зошто знае дека губи. И не убедува дека работел за идните генерации, какви идни генерации Заев кога ти коренот ни го исече, но повторно ние сме како пиреј и колку да не корнеш ние повторно ќе растеме.
Нека остане запишано доаѓа времето кога ќе треба да се соочат за сите лажни ветувања, за сите измами и пљачки што ги направија, и секако, да се соочат со законот сите оние кои се огрешија, од прв до последен.
Ќе одговараат за сите злодела и криминал, одгворност ќе има, и таа ќе ја донесе правдата која и треба на Македонија