На прес конференција денеска која се одржа пред Гимназија „Славчо Стојменски“-Штип од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип ја обвинија власта и актуелните партиски функционери на СДСМ кои се на јавни позиции во државата за злоупотреба на учениците и младите граѓани на Штип во функција на предизборни манипулации.
Скандалозни и шерифски се однесувања на локални функционери во пресрет на денешната посета на Зоран Заев во Штип. Учениците од 4-та година кои учат во средните училишта во Општина Штип, се ослободени од целодневна настава, за да му ракоплескаат на џелатот на државава.
На прославата по повод основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“, имаше застој на наставата за учениците од четврта година, и тоа во период кога се учи и во сабота заради остварување на испуштениот наставен материјал.
Граѓаните сведочат на уште еден скандал, кој за несреќа е поврзан со една од најранливите категории во општеството – учениците.
И како по навика, убавите и свечените моменти, СДСМ ги зачинуваат со бандитски одлуки, кои асоцираат на ниски политички злоупотреби на деца.
Со овој бесрамен чин, СДСМ ги изложува младите на политичка агитација и без дозвола на родителите, малолетните ученици денес нема да присуствуваат на настава, за да ги пополнат празните места во салата на Домот на културата во Штип.
Почитувани,
Денешниот настан не беше презентација за средношколци, туку прослава по повод патронатот на Универзитетот во Штип, кој дрско беше оспоруван и негиран од страна на владеачката гарнитура. Затоа, не е јасно зошто беше дозволено на овој незадолжителен настан, учениците да му ракоплескаат на Заев, за сметка на целодневно отсуство од задолжителната настава…
-соопштија од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, по што ги запрашаа претставниците на власта:
– Кој даде дозвола учениците од четврта година да отсуствуваат од денешната настава?
– Дали и овој пат учениците ќе учат во сабота за успешно да го совладаат материјалот?
– И за крај, дали младите Штипјани не се мета на предизборни манипулации од страна на највисоките државни структури?
Во прилог на своите обвинувања од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Штип објавија фотографии на кои се гледаат поголем број на ученици со ранци како присуствуваат на именуваниот настан




