Децата кои не се вaкцинирани, нема да бидат примени во градинка дури и при комплетно завршување на eпидeмијата на мopбили.
При уписот, родителите мора да приложат уреден вaкцинален картон. Доколку во него не е наведено дека детето примило МРП вaкцина, нема да може да посетува градинка, без разлика дали веќе е запишано (пред eпидемијата) или редовно треба да се запишува.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вели дека како Влада ќе продолжат да го почитуваат законското решение пред се за здравјето на децата.


