Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните и источните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.
И во вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5-13 степени. Променливо време со повремени врнежи од дожд ќе имаме и во наредните денови.
Минималната температура на места ќе се спушти еден степен под нулата, а максимапната ќе достигне до 21 степен.