Вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово Владата на Зоран Заев ја одржуваше својата 171 седница.
Под огромен број полиција која го обезбедуваше владиниот состанок пред домот, свој протест имаа приврзаниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Она што можеше да се слушне на протестот беа извиците “Никогаш северна, само Македонија”.
Веќе повеќе мандати наназад локалната власт во Куманово е под контрола на СДСМ, на која во изминатите безмалку 3 години им се приклучи и централната власт предводена од Зоран Заев.
Кумановчани имаат безброј причини да бидат незадоволни од постигнатите резултати на властите, со што ваквиот револт го манифестираат преку овој протест.
Во текот на попладнево функционерите на владата беа во кампањска посета на повеќе населби и населени места во Куманово, ширејќи пропаганда за своето работење помеѓу граѓаните на Куманово.


