По повод денешниот празник 11 Октомври своја изјава за медиумите имаше Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски со која упати честитка до сите граѓани на Македонија. Тој притоа го истакна својот став дека функционерите на актуелната влада предводени од Зоран Заев индиректно го оспоруваат значењето на денешниот празник преку сервилната политика кон Бугарија.
“Денешниот празник со активностите на оваа власт индиректно е оспоруван. Прифаќајќи ги начелата на барањата на Бугарија се оспорува и денешниот празник. Македонскиот народ се крена против фашизмот и успеа да се избори да добие сопствена македонска држава.
-напиша на фејсбук Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Притоа тој одговори и на повеќе новинарски прашања
1. Професорката Котлар ќе ги менува работите во општина Центар. Во услови на мораториум за градба во 8 години се издадени 479 дозволи за градба. Гледаме урбанистички хаос кој што се случува во Центар. Затоа се потребни промени во општина Центар!
2. Не сум оптимист дека Македонија ќе почне преговори со ЕУ. Информациите кои ги изнесував во јавност не беа послушани. Бугарија останува на своите тврди позиции и она што мене лично ми пречи е односот на надменост од страна на Бугарија. Власта на Заев не испорача реформи дома. Колку е посилно досието на Македонија толку ќе биде посилна позицијата на Македонија.
3. Македонија изгуби многу време во нереализирањето на реформи. Не може држава која што е на 111 место по перцепција за корупција да почне преговори со ЕУ.”


