По давањето на бланко поддршка на Зоран Заев од страна на претседателот на европските социјалисти Сергеј Станишев преку изјавата
„најдобро за Бугарија е СДСМ и Заев да се на власт“
-вистинското лице и намери на Зоран Заев во врска со антинационалната политика на штета на Македонскиот народ која ја спроведува во рамки на неговата работа како Претседател на СДСМ доживува се по јасни контури во очите на македонските граѓани.
Во врска со оваа изјава на Станишев и учинокот на Претседателот на владеачката СДСМ кој што се книжи на контото на штета на националните интереси на македонците а во интерес на бугарските политичари, со своја прес конференција во јавноста денеска излезе Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Тој ваквата изјава ја оквалификува дека се повеќе се засилуваат сомнежите во јавност дека поради оваа политика на попустливост кон Бугарија стои и некаков друг директен интерес или можеби уцена кон Зоран Заев.
“Интерес или уцена заради кои што е спремен да го предаде македонскиот јазик. Втора грижа е што деновиве имаме бројни изјави на највисоки државни претставници од Бугарија – премиер, министер за надворешни и министер за одбрана. Овие изјави се насочени кон директно негирање на македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската држава. Сериозна држава веќе ќе реагираше по официјални канали со испраќање на протестна нота за негирањето на македонскиот јазик, македонската култура и историја. Таа протестна нота треба да биде проследена со аргументирани и научно базирани факти кои што се на наша страна и истите научно подржани факти треба да се испратат до сите министри за надворешни работи, како и шефови на држави и влади на земји членки на ЕУ како и на највисоките претставници на ЕУ. Но, што работи македонското МНР, што работи Димитров, Спасовски и Заев? Едно големо ништо! Додека Бугарија ја гради својата позиција врз основа на комбинација од политика, димпломатија и наука, Македонија не прави ништо! Додека Бугарија ги ангажира најголемите умови, кремот на бугарското општество, составуваат документи кои што и самите знаат дека не се точни за негирање на македонскиот јазик, македонската држава и власта на Заев за жал не прават ништо.“
-соопшти Николоски и повика на итно усогласување околу стратешките интереси на Македонскиот народ со сите релевантни политички чинители во државата.
-Овој однос ќе има трајни несогледливи последици врз македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската држава! Вистински скандал е што Димитров како шеф на МНР, Спасовски како премиер на техничката влада досега немаат ниту една официјална реакција, ниту допис или демант кон негаторските ставови на Бугарија и бугарската држава. Тоа значи две работи, или се согласуваат со она што е изјавено или има некоја друга позадина. Поради лични интереси, а на штета на државните интереси и европската агенда не реагираат и сакаат овој проблем да се стави под тепих и да се збори. Кој чекор Владата на Македонија го презема досега имајќи предвид дека имаме скоро блокирани или еве да се изразам подиректно уценети европски интеграции? Имаме уште еден пораз во однос на европската агенда, а владата наместо да преземе дипломатска офанзива со сите средства и контакти кои што нашите лица ги имаат ништо не прави. Немаат кренато ниту слушалка на било кого да им објаснат во каква позиција е Македонија, да не зборувам за поголема стратегија. Значи, додека на една страна имаме комбинација како што кажав на политика, дипломатија и наука, на другата страна имаме едно големо ништо.
-соопшти Николоски во врска со ова горливо прашање наметнато од лошата политика на власта.
Во продолжение за ова и за повеќе други актуелни прашања погледнете ја прес конференцијата на Александар Николоски во продолжение: