Во прес конференција за новинари , поврзани со активности на ЕУ, Еврокомесарот Хан одговараше на новинарски прашања. Но прашањето на Нонковиќ го запрепасти за момент и го остави без збор.
“Според вашите зборови, и она што е стипулирано во извештајот за Македонија, барате широка поддршка за СЈО, но според последните независни истражувања на јавното мислење дури 65% од граѓаните не веруваат дека таа е независна. Дури 90% од вработените во СЈО се високо рангирани членови на комунистичката Социјалдемократска партија. Таа исто така поднесе неколку обвиненија кои се комплетно неосновани за што дури и студентите од Правниот факултет и се смеат. Затоа, како можете да очекувате од општеството, од политичките партии да ја поддржат? ”
– гласеше прашањето на дописникот на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ.
“Јас не сум судија и затоа не сакам да судам за работата на адвокатите .Затоа во таа смисла, се надевам дека сите се свесни за својата одговорност ги преземаат неопходните мерки и ја почитуваат меѓусебната работа”


