Во текот на вчерашниот ден градоначалникот на општина Виница Миле Петков присуствуваше на отварање на нов производствен погон на приватна компанија во Виница.
Станува збор за компанија која што е основана во 1992 година и има развиено свои дејности во Холандија, Гана и Македонија. Компанијата има три посебни одели на специфични дејности: Лабараториски услуги за одгледување на растенија и поддршк на работата на компании кои што одгледуваат растенија како и Консалтинг аналитички услуги и услуги за одгледување на растенија во контролирани услови (пластеници и стакленици). Главното седиште на компанијата е во Холандија, додека капацитетите развиени во Македонија (Виница) и во Гана служат за масовно производство на растенија на поголеми површини на земја. Расположивата површина која ја поседува компанијата во Виница е 10 000 m2.
Бизнис моделот на компанијата во Македонија подразбира масовно производство на растенија кои што преку дистрибутивниот центар на компанијата во Холандија се пласираат до крајните клиенти потрошувачие
На вчерашниот настан во Виница присуствуваше и холандскиот амбасадор во Македонија Дирк Јан Коп кој упати честитка за успешната инвестиција за која посакува да го унапреди бизнисот и трансферот на знаења во практична примена за бенефит на компанијата и 330 вработени локални граѓани од Виница и поширокиот регион.
Градоначалникот на општина Виница Миле Петков исто така ја поздрави инвестицијата и го изрази своето убедување за успешен развој на бизнисот на компанијата и поддршка која е една од неговите примарни политички определби како градоначалник на Виница.
“Ми беше чест и задоволство да присуствувам на свеченото отворање на новиот производствен објект на компанијата Ирибов МК, поранешен СБВ. Инвестиција како што е оваа е од огромно значење за нас како општина бидејќи вработува значителен број на граѓани, се зајакнува приватниот сектор и економскиот развој, како и се придонесува кон зголемување на продуктивноста и конкурентноста.
На компанијата Ирибов МК им честитав за овој значаен деловен потфат, им посакав успешна работа и реализирање на плановите за проширување во бизнисот, на вработените им посакав многу успех во работата и кариерата.
Исто така им благодарам на Ирибов МК и за донацијата за општина Виница кои средства ќе бидат наменети во инвестиција од која ќе имат бенефит жителите на нашата општина.”