Новиот покриен зелен пазар во Берово, кој неодамна започна со работа, наскоро ќе добие и нови тезги.
Проектот е продолжување на активностите за изградба на покриен зелен пазар, во кој со втората фаза, ќе набават современи, модерни тезги за продажба на производи.
Средствата во износ од околу 3.500.000,00 денари, се обезбедени преку Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку мерка Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи.


