Од вчера потврдени се уште 5 нови случаи со морбили, двајца се задржани во болница поради компликации. 22 годишна девојка од Чаир и 36 годишен маж од Гази Баба и двајцата невакцинирани.
16 годишна девојка со церебрална парализа се уште е во критична состојба на Клиниката за инфективни болести поради компликации од морбили.
Во потешка состојба се уште тројца возрасни пациенти.
Министерот најави дека комисијата за заразни заболувања утре ќе заседава и ќе се разгледува причината за вакцинацијата надвор од Скопје.
Досега во Македонија заразени од морбили се 1.285 луѓе, четри деца починаа. А владата одлучи дека од септември невакцинираните деца нема да ги примат во училиште.