Магијата за Новогодишните празници секогаш фасцинира. Украсувањето и шопингот по разно разни украси не исполнува како никогаш.
Но вашиот дом може да заблеска и со една несекојдневна идеја , која е впечатлива и дефинитивно ги освои социјалните мрежи. Креативноста е секогаш интересна , често и практична и едноставна, но со сигурност уникатна во вашиот дом.
Украсувањето на ананас е толку едноставно а убаво и впечатливо за око, посебно за оние кои не уживаат во кич украсувањето а сакаат необичности и креативност. Овој Новогодишен ананас може да се постави насекаде каде ви одговара: во дневната соба, во кујната, трпезаријата и секаде каде ќе посакате.