До нашата редакција пристигнаа фотографии кои што се направени денес (недела, 12.07.2020 година) на кои се гледа градежна машина- грејдер во сопственост на градежна фирма од Делчево како изведува градежни земјени работи на локален земјен пат во село Драмче.
На три дена пред избори пробивање на локални патишта до одредени приватни имоти на граѓани според изборниот законик може да се смета за предизборна корупција со употреба на државни ресурси во насока за добивање на политичка корист за владеачката СДСМ.
Оваа приватна фирма во чија сопственост е грејдерот е позната по добивање на тендери од локалната самоуправа во Делчево во изминатиот период.
По чиј налог и кој го финансира ваквите активности на оваа приватна фирма останува прашање кое треба да го одговорат надлежните институции.

Во изминатите три години во село Драмче не беа реализирани ветувањата на локалните власти за жителитe од ова село кои што се содржани во предизборната програма на Горан Трајковски од СДСМ.

Фото: Принт скрин од предизборната програма на Горан Трајковски во 2017 година со која ја доби довербата на жителите на село Драмче.
Дали со пробивањето на овие локални патишта, локалната власт во последен момент сака да се додвори до жителите на Драмче во насока на добивање на политичка корист за власта во вид на гласови пред избори е прашање кое што ќе треба надлежните институции да го одговорат во наредниот период.