Револуционерното дел на Славчо Стојменски како млад прогресивен човек оставило траен белег во колективната свест на нашиот народ.
По потекло од сиромашно семејство во Штип, роден во 1921 година, уште од младински години Славчо Стојменски покажувал силно изразени револуционерни и организациони способности. Од почетокот на окупацијата на неговиот роден град во 1941 година се зафатил со револуционерни активности организирајки повеќе конспиративни и револуционерни групи. Поради неговото силно влијание кај населението бргу бил обележан од страна на бугарските фашистички власти за прогон.
Во 1943 година присуствувајки на состанок на Околниот Комитет на КПЈ била заобиколена куќата каде се одржувал состанокот од бугарска полиција по што се случила жестока пресметка во која загина Славчо Сојменски.
Во 1953 година Славчо Стојменски е прогласен за Народен Херој на Југославија од Јосип Броз Тито.
Во текот на денешниот ден се одбележа патрониот празник на Основното Општинско Училиште кое го носи името на Славчо Стојменски.
Во дворот на училиштето пред неговата биста букети со свежо цвеќе положија и одадоа почит Градоначалникот на општина Виница Миле Петков како и останати граѓани.
Во рамки на настанот беше реализирана пригодна свечена програма од страна на учениците и наставниците во училиштето, при што беше прочитан пригоден реферат за ликот и делото на Славчо Стојменски.
“Денес присуствував на одбележувањето на патрониот празник на најстарото училиште во Виница ООУ „Славчо Стојменски“ каде одадовме почит и положивме свежо цвеќе пред бистата на народниот херој.”
-соопшти Градоначалникот на општина Виница Миле Петков во оваа пригода.