Привлекувањето на туристи беше главната тема на разговор на семинарот за туризам кој се одржа во Берово, семинар на кој учествуваа претставници од општините Берово и Сандански, општини кои заеднички го спроведуваат проектот “Градење инфраструктура за одржлив развој на туризмот“. На семинарот се разговараше на тема: “Предности и недостатоци на локалните туристички производи во Општина Берово и Општина Сандаски и можностите за нивен развој“. Исто така се дискутираше и за проблемите со кои се соочуваат туристичките капацитети, како до нивно решавање и подобрување со цел привлекување на повеќе туристи. Покрај тоа презентирана беше и софтверска алатка за промовирање на граничната област како туристичка дестинација.
Проектот е од исклучително значење за општина Берово бидејки со неговата реализација ќе се реши проблемот со водоснабдување за жителите од населба „Беровско езеро“. – Согасно стратегијата за раззвој на општина Берово, ние го имаме тоа потенцирано дека еден од приоритетите е развој на туризмот како стопанска гранка во нашата општина и еве токму во тој дел се насочивме и ставивме акцент да средствата за прекугранична соработка бидат наменти за изградба на водоснабдителен систем во туристичка населба за развој на туризмот. Ценам дека не само сопствениците на туристичките објекти, не само туристите туку и идните инвеститори ќе бидат задоволни од реализирањето на тој проект и во иднина со побрз интензитет ќе се отпочне со изградба на уште многу, многу такви сместувачки капацитети кои се гледа дека се потребни за да туризмот се развива во општина Берово. Инаку, 75 проценти од средствата обезбедени за реализација на проектот кои изнесуваат 500.000 евра се обезбедени од ИПА компонентата на ЕУ со кофинансирање од македонска страна. Изградбата на филтер станицата во Берово се очекува да биде завршено до крајот на следното лето.