Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот комитет во Делчево на социјалните мрежи сподели видео клип на кој се наведени повеќе значајни но нереализирани проекти на Градоначалникот на општина Делчево од неговата предизборна програма со која ја доби довербата на делчевчани во 2017 година. Ваквата реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ следува по изјавата на Градоначалникот Горан Трајковски на партиската трибина одржана во центарот на Делчево на кој тој соопштува пред присутните дека ги реализирал сите капитални проекти кои ги ветиле на граѓаните во 2017 година.
Погледнете во продолжение за што станува збор:


