Денеска на прес конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци, Градоначалникот на Општина Карбинци од редовите на СДСМ беше запрашан за
„Колку проекти се аплицирани од страна на општината под раковотство на градоначалникот Јордан Насев на ИПА компонентата за Прекугранична соработка со партнер општини од Република Бугарија од 30-ти Октомври 2017 година па до денес?
Колку од проектите што ги аплицирала локалната власт се ДОБИЕНИ, реализирани или се реализираат од страна на актуелната локална власт? Дали за прв пат во историјата на општина Карбинци, една локална власт е одбиена за некој проект за прекугранична соработка?
Како општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци сметаме дека работата на општината Карбинци и локалните институции во делот на Прекуграничната соработка преку ИПА компонентата на ЕУ е повеќе од важна за нашата општина, со што може да се обезбедат значителни финансиски сретства за подобрување на животот на граѓаните на Карбинци-првенствено но и условите за живот од двете страни на границата“,
-соопшти Виктор Паунов, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Карбинци.
Во изјава за регионалната телевизија Стар, Градоначалникот Насев се обиде да го релативизира недобивањето на проекти од страна на општината под негово раководство па го спомна проектот кој што беше аплициран и добиен на овој фонд од претходното раководство на општината.

„Прво ќе почнеме со започнатиот проект кај кој околу 30% се изградени градежните работи,а во плаќање е 0% значи целиот проект 70% успешно беше завршен од наша страна и во целост 100% беше исплатен од наша страна околу 200 илјади евра.Тоа е уредување на речното корито на Карбинска река во населено место Карбинци од 265 метри.Тој проект е успешно реализиран,направени се ревизии,кофинансирање и комплетната документација е завршена.Во меѓувреме имавме повик во 2018 година до мај месец и на овој повик о.Карбинци аплицираше со два проекта.Со еден инфраструктурен проект од 365 метри уредување на речното корито во с.Карбинци.Од 154 проекти коишто беа рангирани ние сме ставени на 18 место по ранг листа и се надевам дека ќе се обезбедат доволно средства,но оваа година се лимитирани средствата на самата програма и мислам дека ќе најдеме средства и за нашиот проект да помине“
-изјави Градоначалникот Насев во изјава за ТВ Стар без притоа да одговори конкретно колку проекти добила општината на ИПА фондовите за Прекугранична соработка откога тој е Градоначалник.
По ваквата изјава на Градоначалникот на фејсбук страната на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карбинци напишаа:
За прв пат во историјата на општина Карбинци, локалната власт е одбиена на проектите за кој аплицирале на компонентата ИПА за прекугранична соработка со соседна Бугарија.
Со ова локалната власт си ја призна неспособноста и незаинтересираноста за општината.