Прес конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНE од Штип:
Дека СДСМ ја практикува власта на подмол начин, преку поткуп, манипулација и ефтини трикови, се докажа вчера!
Државната Комисија за спречување на корупцијата утврди дека Општина Штип и градоначалникот не го почитувале Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси и вршеле изборен поткуп на четири социјално загрозени семејства. Постапката ќе бара прекршочна одговорност на градоначалникот, затоа што истиот постапувал спротивно на неколку закони.
Со ова се докажува дека во Штип се вршеле сомнителни дејствија, кое ја поткопува вербата во институциите, а СДСМ ги „подлажувале“ гласачите со по неколку кубици дрва.
Овој случај е како резултат на тоа што пожарникарите во Територијалната противпожарна единица и вработените во ЈП Исар, беа принудени да товараат и да извршат транспорт на дрва за огрев кај четири социјално загрозени семејства во нашата општина.
Почитуван градоначалник,
Фатени сте на дело како кршите закони, поткупувате гласачи, трошите државни ресурси за партиски цели…
На овој начин, не само што не ја одделувате партијата од државата, туку докажувате дека државата функционира во служба на партијата! Со ова ниту имаме европски вредности, ниту сме поблиску до манипулативниот датум за преговори.
Потребно е да и‘ се извините на штипската јавност, затоа што со овој случај покажавте дека работите исклучиво за партиски цели, ги искористувате вработените во јавниот сектор, а државните пари ги користите за набавка и донација на материјални срества, со кои директно влијаете на гласот на народот!