Од кабинетот на Градоначалникот на Општина Виница информираат дека
Деталниот урбанистички план (ДУП) за место викано ИЛА на последната седница на советот на општина Виница е донесен.
Станува збор за цел урбан блок 2, дел 2 и дел 3 што по местоположба се наоѓа веднаш зад Јавното претпријатие “Солидарност” Виница.
Со усвојувањето на овој Детален урбанистички план на просторот може да започне интензивна градежна експанзија за уредување на јавните простори, изградба и реконструкција на улици, поставување на дополнителна инфраструктура но и најважно од се може да започне изградбата на индивидуалните куќи за домување на жителите на Виница.
Донесувањето на овој ДУП е значаен затоа што овие градежни активности ќе предизвикаат зголемување на економската активност во општината и раст на економијата.