При ерупција на “Вулканот на огнот” во Гватемала во неделата 03.06.2018 година загинаа најмалку 25 лица, јавува CNN.
Ова е втора ерупција на вулканот оваа година во која покрај жртвите има и голем број на пострадани луѓе и стока. Облак од чад, пепел и поситни честици како облак ги прекри околните села убивајќи најмалку 7 луѓе. Вулканот еруптирал вчера неколку минути претпладне по што следувало течење на лава на површината по планинските падини на самиот вулкан неколку часови подоцна.
Помеѓу фаталните настани кои ја следеле ерупцијата од страна на официјални лица задолжени за справување со катастрофи бил и моментот кога огнени јазици зафатиле куќа и живи изгореле две деца кои се наоѓале во нејзината внаљтрешност.
Властите стравуваат од зголемување на бројот на жртви со оглед на непристапноста на теренот и големата површина зафатена од катастрофалната ерупција на вулканот.
Оваа ерупција е најголема во последните години кај овој активен централно-американски вулкан кој што е на 27 милји од главниот град Гватемала Сити.