Македонскиот бренд “Стоби флипс” годинава прославува 40 години постоење.
Од менаџментот на компанијата која ги поседува правата за комерцијална употреба на овој Македонски бренд со желба што подостојно да го прослават истиот, упатија видео порака до целокупната светска јавност-корисници на “благодетите” на смоките со вкус на кикирики.
А нам обичните уживачи на крцкавиот и шимлив вкус на оваамакедонска иновација на вкус во никој случај не ни смета што се уште не е измислено сретство или начин за чистење на валканите прсти на рацете од јадењето на Стоби флипс смоките.