• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Ѓорѓе Иванов: Грчкиот договор е резултат на славољубие со кој се редефинира Република Македонија

август 2nd, 2018 Македонија коментари 786

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Ѓорѓе Иванов: Грчкиот договор е резултат на славољубие со кој се редефинира Република Македонија

Македонскиот народ секогаш ги сакал своите републики. Со носталгија се сеќавал на претходната, и со надеж ја очекувал наредната. Бидејќи само во Републиката која е негова, која е израз на неговата волја и на неговиот стремеж, народот можел да се чувствува дека е свој на своето.
И тоа не треба да не чуди, бидејќи највозвишена цел на еден народ е да создаде своја држава. И само оние народи кои формирале своја држава ја реализирале слободата со тоа што станале самодоволни.
Но македонскиот народ не сакал каква било држава, туку ја сакал онаа најправедната, најслободната, најпрогресивната. Ја сакал својата република, бидејќи токму таа го штитела од нечовечните деспотии, тирании и автократии. Македонскиот народ ја сакал Републиката како највисок идеал на сите слободољубиви народи. Републиката што го штити општото добро. А општото добро е работа на народот – и токму тоа е суштината на концептот res publica res populi.
Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста.
Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности.
Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава.
Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува.
Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал.
А тој народ освен што полага историско право на својата Република, истовремено има историска одговорност кон таа своја Република. Бидејќи ниту една генерација, вклучително и нашата генерација, не може да тврди дека со неа започнува се. Нацијата, државата, Републиката се создавани и градени од многу генерации. Кај едни се родила како идеја што им ја греела душата а други се бореле и избориле за остварување на таа идеја. Трети пак, работеле на нејзино надградување. И сите тие генерации се вградени во нашата единствена татковина Република Македонија.


Што друго е македонската традиција ако не демократија развлечена низ времето, демократија која им дава право на глас и на нашите предци. На преродбениците и Илинденците, на антифашистите и АСНОМ-ците, на граѓаните основоположници на суверена и независна Република Македонија.
Но зошто, зошто наместо само една, сме имале дури три републики? Зошто сме ги губеле нашите републики, за да мора потоа одново да ги создаваме? Верувам дека причината лежи во една ненаучена лекција што постојано ни се повторува.
Во 1903-та била донесена одлука за подигнување на Илинденското востание. Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Хаџи Димов и други сонцељубиви револуционери категорички се спротивставиле на избрзаната одлука за прерано кревање на востанието, бидејќи народот се уште не бил подготвен. Но, наместо да бидат послушани, тие биле игнорирани и заобиколени. За кратко време Крушево било разрушено а востанието крваво задушено. Настапило ново, потешко ропство, нова и потешка тиранија.
Во 1945-та, непосредно по првото заседание на АСНОМ се правеле обиди одлуките за нас да се носат без нас. Ченто, Брашнаров, Чучков, Шатев, Полежиновски, Влахов и многу други патриоти се спротивставиле на едноумието на Комунистичката партија бидејќи цврсто верувале дека ние можеме да бидеме свои на своето. Но, наместо да бидат послушани, нивните гласови биле задушени.


Во 1998-та, една претходна Влада на Република Македонија донесе одлука да го признае Тајван, и покрај спротивставувањето на претседателот на Републиката. Во ситуација во која сите механизми на системот беа ставени на страна, претседателот Глигоров потсети дека законите на Републиката се напишани за да се почитуваат, институциите се поставени да соработуваат, но и да вршат контрола едни над други и да не дозволуваат да се појавуваат грешки. Преку владеењето на правото Републиката има воспоставено законски механизми за да може да ја остварува својата суштина – а тоа е да се грижи за општото добро на граѓаните. Но, наместо да биде послушан, Глигоров беше игнориран и заобиколен. Онака како што денес, 20 години подоцна, оваа Влада се обидува да ме заобиколи мене.
Ако Тајванскиот договор беше резултат на среброљубие, Грчкиот договор е резултат на славољубие. Заслепени од рефлекторите, на некои наши политичари како личната слава да им е помила од достоинството и судбината на цел еден народ.
Ако со тајванскиот договор се направи обид да се редефинира позицијата на Република Македонија на меѓународен план, со грчкиот договор се редефинира самата наша држава.

Се зборува за владеење на правото, а се врши правно насилство. „Насилството, рекол Солженицин, нема со што друго да се покрие, освен со лага, а лагата нема на што да се потпре, освен на насилство. Штом некој ќе го прогласи насилството за свој метод, мора незапирливо да ја бира лагата како свој принцип.“
Лага е дека со овој грчки договор ќе се менува само името на нашата држава. Напротив, се менува и македонскиот државен и институционален идентитет.
Лага е дека со овој грчки договор не се погазува 74 годишното право на самоопределување и државност на македонскиот народ. Напротив, со овој грчки договор се брише и државно-правниот континуитет на идеалот на македонскиот народ да има своја држава. Се брише и 27 годишната историјата на независната македонска држава.
Лага е дека со овој грчки договор се гарантира членство во Европската Унија и НАТО. Без вистински реформи, без борба против корупцијата, без борба против партискиот елитизам и клиентализам, нема членство во Унијата и НАТО. И да се прифати штетниот грчки договор, и да се промени македонскиот Устав, членството во ЕУ и НАТО не следува по автоматизам. Со прифаќањето на ваквиот договор, ние само ја сечеме гранката на која седиме само затоа што некој не уверува дека во меѓувреме ќе ни израснеле крилја.
Лага е дека со овој договор конечно ќе сме станале рамноправен субјект со тоа што Грција ќе не признаела. Напротив, не само што се деградираат нашите стекнати права во Обединетите нации, туку спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема Република Грција. Бидејќи, со овој договор Грција стекнува право да се меша во општото добро на нашата Република.
И конечно, лага е дека со овој грчки договор се јакне македонскиот идентитет. Напротив, со овој грчки договор правно се укинува македонскиот народ.
Многупати се обидувале да ни накалемат некаков туѓ идентитет, но сепак не успеале, бидејќи нашето постоење не зависи од нив туку од самите нас.
Затоа, сега не убедуваат сами себе да си се укинеме.


Затоа, сега сакаат да го убедат македонскиот народ да изврши правно и историско самоубиство. Бидејќи од суверената волја на македонскиот народ извира и суверената македонска република.
Без македонскиот народ, општото добро ќе биде сведено на ничие добро, кое секој ќе може да го разграбува и разнебитува.
Без македонскиот народ, македонската република станува ничија земја.
Бидејќи без македонскиот народ нема македонска република.
За возврат на тоа ни е ветен просперитет, но по цена на нашиот идентитет. А јас се прашувам, каков ли е тој просперитет без идентитет, без слобода да се наречеме според нашето сопствено име?
Вината за ваквата состојба не можеме да ја бараме ниту во нашиот јужен сосед, ниту во европските и евроатлантски партнери. Бидејќи ниту ирационалната параноја на првиот, ниту студениот прагматизам на вторите не можат да не променат.
Каде е тогаш вината?
Знаејќи какво е семето, Мисирков уште пред 115 години посочил каков ќе биде плодот. Тој речиси пророчки не предупредува за ова кобна македонска одлика и вели: „Собитијата што се развија до сега ни покажаа колку ние самите можеме да си напакостиме, мислејќи дека постапуваме правилно.“
Затоа и авторот на последниот македонски манифест, оној што предмалку го чувме, прашувајќи кој тоа ни го брише минатото за да ни ја одземе и иднината, без тронка задршка одговара – „Не обидувајте се никогаш вината да ја барате подалеку од нас.“
Затоа, лекцијата што постојано ни се повторува бидејќи никако да ја научиме е следната: најголемите национални катастрофи на Македонија и се случувале тогаш кога е заобиколувана општата волја и кога е напуштан националниот консензус.
Републиката постои за да го заштити општото добро од секој оној што ќе посака да го присвои само за себе. Смислата на републиканските механизми е да ја спречат злоупотребата на власта за тесни лични и партиски интереси. Секогаш кога тесните лични и партиски интереси го завземаат местото на трајните интереси на Републиката се завршувало со национална катастрофа.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Ѓорѓе Иванов за историското значење на првата република на Балканот
Следна објава Заев ги обедини и најзакоравените навивачки групи. Нека продолжи така и ќе го обедини и Македонскиот народ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 374
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 353
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 368
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 988
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 365
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 405
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 174
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 256
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 339
Жена на денот
Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

Галерија: Моника Белучи- убавина за сите генерации која трае

4066
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1792
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"
Македонија

"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"

Јул 11th, 201822
Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика
Македонија

Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика

Мар 25th, 202222
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202122
Најава за "востание" на Македонците ширум Европа
Свет

Најава за "востание" на Македонците ширум Европа

Мај 31st, 201820
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.