Секоја година како последица на уништувањето на шумите за палмино масло, умираат околу 6000 орангутани ширум светот. Активистите за заштита на животните не се единствените кои се згрозени од овој факт, затоа што со уништувањето на шумите неповратно се уништува и животната средина. Но орангутаните и останатите животни кои се истерувани од нивните природни живеалишта се директно погодени од бесконечната алчност на луѓето.
Ова е евидентно активисти од Меѓународната организација Спас на животните сними снимка од орангутан кој се обидува да си го одбрани својот дом од дрвосечачите.
Оваа снимка е снимена во 2013 година но дури сега стана достапна за јавноста.
Кратката видео снимка покажува како орангутан се приближува кон булдужерот кој го уништува неговиот дом во Сингуи Путри шумата во Борнео, Индонезија. Откако ја удира машината потоа се обидува да побегне.
Погледнете го шокантното и особено тажно видео во продолжение:
Откако орангутанот беше спасен од групата активисти неговиот дом за жал беше уништен.



