Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски се обрати со своја реакција во јавноста во врска со објавените фотографски и видео материјали во јавноста околу делењето на т.н. помош за одредена група на граѓани кое што го реализираше СДСМ преку нивни истакнати активисти во текот на изминатите неколку денови.
Тој ваквата активност на владеачката партија го оквалификува како класичен поткуп кој што го спроведува Заев обзнанувајки во јавност дека помошта се делела по список со евиденција за тоа кој од граѓаните колку и како зел.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ:
“Велат од СДСМ помагале.
А од кога тоа се прави хуманитарна акција со тетратка и пенкало во рака?
Еве почитувани како изгледа помошта- поткуп што ја дели СДСМ секаде низ Македонија.
Класичен поткуп од страна на Заев. Се води евиденција кој колку и како земал.
Па ако беше хуманитарна помош, немаше ранливите категории да ги запишувате кој колку земал или на кој колку му следи.
Ова значи класична злоупотреба и поигрување со тешката судбина на овие луѓе. Не им помагаат со тоа што ќе доделат брашно и зејтин, но ќе им помогнат ако отворат нови работни места.
Нека видат сите како тече една „хуманитарна“ акција на Заевци, уште не за долго.”