Пратеникот во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев на партиска прес конференција ја алармираше јавноста за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување според кои пензиите нема да растат како што беше предвидено во претходното законско решение како последица на просечно исплатената плата во Република Македонија.
СДСМ и Зоран Заев повторно удираат по една од најранливите категории на граѓани. Пензионерите годинава со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе земаат помала пензија отколку што ќе земаа со претходното законско решение кое што го донесе ВМРО-ДПМНЕ.
Пензиите повеќе нема да растат како последица или како следствено на просечно исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Тоа сега се укинува и се анулира.
Уште еднаш пензиите со оваа влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе нема да растат како резултат на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија. Значи се анулира и се крати зголемувањето кое што требаше да го имаат пензионерите а кое што беше законско решение на ВМРО-ДПМНЕ. Сега СДСМ тоа го укинува.
Удираат по младите, удираат по пензионерите, со поголемите даноци удираат по сите, по вработените, удираат и по невработените, удираат со зголемената цена на дизелот по земјоделците, нема категорија која што не е засегната.
-изјави Ѓорчев на неговата прес конференција.


