Поради намалена видливост во скопскиот регион , отежнато се одвива воздушниот но и патниот сообраќај. Маглата која утринава ги покри котлините и планинските превои го отeжнува сообраќајот низ државата. На скопскиот аеродром се реализирани само неколку полетувања, но ниту едно слетување.
Намалена видливост од 50 до 100 метри има кај Кичево, на планинскиот превој Ѓавато и долж Повардарието. Јавното претпријатие „Македонија пат“ кое е задолжено за одржување на патиштата низ државата апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.- информира Авто мото сојузот на Македонија.
