• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

Отворено писмо до Премиерот на Р.Македонија

јуни 16th, 2018 Магазин коментари 1173

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Отворено писмо до Премиерот на Р.Македонија

Знаете ли што значи МРО револуционерно-националноослободителна организација на македонскиот народ, основана во Солун во 1893 год, од шестмина интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, верувам дека знаете дека нејзин водач бил и Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански но и Гоце Делчев онај истиот на кој му се поклунувате лажно. Неверувам дека незнаете што значи ИЛИНДЕН, што се случило во 1903, за чива слобода се бореле и погинале Питу Гули, Карев, Дедо Иљо, Турунџе, Јордан Пиперката, Груев, Бабата, Александров, Христо Узунов, Русински, Чакаларов, Лика Беровска, Василка, Шабан Шакир инт. Сте прочитале ли некоја приказна за Аферата мис Стон што сакале револуционерите да постигнат, знаете ли што изјавила Стон веднаш откако била одлободена. Сте прочитале ли некогаш од различни литератури зашто Јане Сандански во 1912 год влегува со четата во Солун, зашто имаше Букурешки договор. Достоен ли сте да го спомнете зборот Гемиџии, Солунските Атентатори, „Гвадалкивир“, да, да, Јордан Поп Јорданов – Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов и Цветко Трајков, многу пред тебе го отвориле Македонското прашање и се “Арчеле за Македонија”. Сте прочитале ли некогаш за Прличев од Охрид за неговите Сердарот и Скендебег, зашто го посетил манастирот Св.Јован Бигорски. Сте прочитале ли за Рацин, истакнат македонски активист на комунистичката партија и партизан, неговата “Бели Мугри” Денови“ и („Селска мака“), („Тутуноберачите“)(„На Струга дуќан да имам“). Сте прочитале ли зашто се стрелани Ваташките младинци, ве будат ли од сон кога ќе помислите на нив, стиховите”В Тиквешко негде, в некое село’
кај в слана тивко венеше цвете”,
– убија дете”. Струмичките студенти членови на ВМРО, свирепо погубени на планината Беласица, зашто?. Знаете ли што значи АСНОМ, Ченто, зашто е суден, од кого, сте прочитале дека и покрај се, што проживеал, и по излегувањето од затворот не се откажал од идеите за самостојна и обединета Македонија. Знаете ли атентаторот Владо Черноземски дека на неговата десна рака имал тетоважа “Слобода или смрт за македонија “. Сте го рецитирале ли на глас “Тешкото” на Блаже Коневски, онака, солзи сакаат да ви протечат и вие ги стискате, не сум сретнал маж или жена кој не пуштил солза на описот за тешкото минато на нашите претци “Времињата мрачни се нивното поле,
и нивната свирка – на прангите ѕвекот,
а главите им се наведени доле,
и покроце врват – сè чекор по чекор.
О времиња, што ве в мрак родот мој минал,
кој збор ќе ми најде за вашата стрв?
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
над пустош и крв?!
Знаете ли колку вистина има во неговото “Големо ни е името ќе сакаат да ни го земат”. Сте се запрашале некогаш на колку јазици е преведено творештвото на П.М.Андреевски, што сакал да каже во “Пиреј” во “Небеска Тимјанова” која порака е скриена меѓу редовите, каде ако не направиш пауза меѓу читањето срцето ќе ти препукне. Колку само вистина има„Од таму си, од кајшто ти се гробиштата.“ (Небеска Тимјановна), ние сме од Македонија оти гробиштата ни се тука, за вас не сме сигурни. Сте го гледале ли “Најдолгиот Пат” филмот снимен по вистинит настан, каде повторно македонците се измачувани, и судени на сред село на 101 година затвор, а по долгото патување и страдање, стигнале во затворот за да им кажат дека се амнестирани, знаеш која е пораката?Издржале. Ви се испотило ли челото кога на глас сте ги прочитале стиховите, „Не е срамно ако умреме до еден,
но голем срам е, ести голем,
ако останаме без името наше
од кое уште се плашат ко од чума.
А без име, векутуми, а без него
и гробовите ќе ни бидат празни…“, што ли сакаше да ни каже денес мене, тебе нам. Сте ја виделе ли барем насловната страница од 1903 на Книгата „За македонцките работи“ на Мисирков, Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред? каде авторот на маестрален начини со политичка анализа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет. Сте го гледале ли бриљантниот македонски филм “Црно Семе” каде нашите македонци од егејска македонија и покрај мачењата и страдањата низ кои минуваат даваат отпор специфичен само за македонскиот народ, спиеш ли мирно за прегледаните сцени, те болат ли зборови,”Пукај бе братучет пукај” во оскаровскиот “Пред Дождот”. Си ја гледал ли маестралната престава на Стефановски “Диво Месо” каде таткото солзи нема за да ги исплачи децата заробени од белосветските лажги, за кои таткото кој ги изгубил нозете за татковината е помија. Еднаш Гане Тодоровски напиша,” Ој, Македонијо,
колку ли уште ни треба
за да те домакедончиме”, на кого ли мислел јасно ми станува.
Ве заболе ли душата како мене, кога ги слушавме потресните сведошва на деца бегалци од егејот, тие сега се достоинствени старци и гордо сеуште ќе речат дека се македонци, родум од Македонија. Какво чуство ве обзема кога ги гледаше потресните сцени од граничен премин каде македонците бека тргнати да запалат свеќа на гробовите од своите претци во леринско, кукушко и др, ама грчките власти не им го тоа дозволија, оние истите со кои ти сакаш да потпишеш договор. Се наежуваш ли секогаш кога ќе ги слушнеш Бисер Балкански, Земјо Маледонска, Ја излези Ѓурѓо. Те обзема ли љутина кога ќе ја слушнеш “Со маки сум се родил” на Вања Лазарова. Знаеш ли во колку замји КУД Танец има одиграно македонско оро, под името Македонија. Зар Сариевски, секогаш гордо во стара македонска носија секогаш ја пееше “Зајди зајди јасно Сонце” без причина. Знаеш ли дека ние во Македонија имаме живи потомци на Делчев, Карев, Гули, Ченто, како ли ќе ги погледнеш. Внимавајте, нашите деца, внуци еден ден ќе не прашаат зашто сме се само поништиле, ама нема да знаеме што да им одговориме, ќе ја наведнеме главата и ќе продолжиме со талкањето, зашто само тоа и ти останува кога корен не те држи.
Ќе те потсетам на Македонскиот манифест на Андреевски напишан во 2003 год
„Само здружени и со меѓусебна доверба ќе бидеме секаде и секогаш посилни. Историјата е еден отворен процес кој постојано се допишува. Ние, Македонците таа историја сакаме да ја пишуваме само со своето македонско писмо и само со својата македонска вистина. Слободата е наша прва икона и затоа не испуштајте ја од своите раце и од својата љубов. Таа не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг. И низ секој изгрев што нѐ осветлува. Само така Македонија ќе ја видиме обединета во една толку величествена светлина. Зашто наше знаме е сонцето, а тоа е најстариот оган на кој се грееме.
Ура за Македонија, ура и за тој вечен оган по кој се препознаваме!“
За крај те потсетуваме дека нашиот македонски народ во многуте историски премрежја претрпел многу полоши и понасилни договори, но имал верба и опстанал, за да повторно и се радува на својата татковина Македонија, а сето погоре напишано е печат тоа дека Македонија и нејзиниот народот, се секогаш на истата страна. Еден од споменатите великани напишал “ „За држава треба цар, даскали, доктори, писари, а ти имаш само болви и болвосерки околу тебе.

Додека дишеме, додека дишеме од овај македонски воздух, додека не држи памет дека ние, нашите дедовци, татковци, нашите деца сме родени во македонија нема да поддржиме промена на име и устав на Р.Македонија.
Само што НИЕ нема да ги излажeме нити нашите живи или покојни дедовци, татковци, нити нашите деца, како што ти ги лажеш.

ОРГАНИЗАЦИЈАТА
16.06.2018 лето господово
Република Македонија

Се гледаме во Недела, 13.30 часот во Битола, и во Скопје во 20.00 часот
#МакедонијаВечна

Превземено од фејсбук

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Во Прилеп се санираат штетите од поплавите
Следна објава True Sound Of Kamenica Festival, Го најавуваат Kultur Shock // The Black & Vice Social Club // Weltschmerz на 23 јуни во Македонска Каменица
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 487
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 424
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 485
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 586
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 580
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 549
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 542
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 486
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 549
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

597
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1688
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата
Регион

СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата

Апр 13th, 2022 442
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд
Жена на денот

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Мар 8th, 202026
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус
Магазин

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Јун 18th, 201821
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Регион

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.