На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии од сенародните протести пред влада и од вчера и пред собрание, со пораки на луѓето кои што протестираат испишани со транспаренти.
“Ова бугарите ќе го шкртаат од учебниците. За Стево, Бугар и Ќурка било прифатливо. НЕМА ДА ИМ ДОЗВОЛИМЕ !!! #Споделете“
-стои испишано во твитер статус покрај фотографија од протестите на која се гледаат фотографии од стреланите младинци од бугарскиот фашистички окупатор во Втората Светска Војна.
Притоа во продолжение на објавата стои и следниот текст:
“Следни чекори: – блокирање на излезите од домовите/улиците на пратениците и министрите од СДС – блокирање на сите главни сообраќајни правци во државата”


