Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во свое лично соопштение до јавноста упати јавна благодарност до хероите кои што секојдневно се на терен и кои го обезбедуваат јавниот ред и мир во рамки на полицијата во Дебар и Центар Жупа.
Во продолжение ја пренесуваме неговата јавно искажана благодарност:
“Ви благодарам херои, неизмерно сум благодарен за се што правите за Македонија. 🇲🇰 Ова е само мал дел од полициските службеници кои во изминатите деновиве секојдневно се на располагање на граѓаните и го гарантираат јавниот ред и мир на територијата на Дебар и Центар Жупа.
Тие деноноќно се на своите работни места, за да им ја олесните работата останете дома. “


