Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” со новинарот Горан Момировски ги разобличи двете наскапо платени кампањи кои што актуелно ги води СДСМ за да ги пасивизира граѓаните на Македонија за да не излезат на гласање на претстојните предвремени парламентарни избори.
Во продолжение го пренесуваме дел од неговото интервју каде зборува за оваа тема:
“СДСМ води две исклучително скапо платени кампањи. Првата е дека сите се исти, втората дека некој друг на СДСМ ќе им направи Влада. Целта е да се демотивираат луѓето да не излегуваат на гласање. СДСМ знаат дека немаат поддршка од граѓаните.
Македонскиот народ ги препознава овие скапо платени кампањи и силно ќе го поразат Зоран Заев!”


