Градоначалникот на Балканскиот Ерусалим- Охрид денеска промовираше во јавност уште еден симпатичен проект кој што веруваме ќе наиде на голема поддршка како кај охриѓани така и кај граѓанните ширум државата. Станува збор за воведување на паркинг места низ Охрид кои што генерираат приходи кои ќе се употребуваат за хуманитарни цели.
“Денешниот ден го збогатуваме со уште една убава вест. Од денес на Кеј Македонија започнуваат да функционираат хуманитарните паркинзи.
Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели. Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно.
За почеток се предвидени две паркинг места, а во иднина нашата цел е проширување на повеќе локации низ градот.
Охрид е правата општина во Македонија која воведува хуманитарни паркинг места.”
-соопшти градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.