Првенците на СДС деновиве се препотуваат објаснувајќи како на Македонија и биле потребни уште “реформи” и затоа не било добро да имаме парламентарни избори заедно со претседателските. Сепак да се врател Заев од скијање ќе пресекле што ќе прават. Сиромашките се уште не им е јасно дека нив веќе никој не ги прашува што сакаат. Народот е суверен во Македонија. Тој дава и одзема власт и фала богу сеуште тоа го прави на избори. Во минатите 28 години демократија народот наградувал и казнувал, а сега е накурчен и баш сака да казни. За негова среќа на крајот на април треба да имаме претседателски избори на кој за да има успешни избори идниот претседател треба да добие над 900.000 гласови во негова корист или 50% + 1 за да победи во прв круг или повеќе од својот против кандидат во вториот круг, но под услов да излезат 40% од граѓаните, што ќе рече нешто повеќе од 720.000. Да потсетам на шамарчината која му ја залепивме на Заев на референдумот. Со прескапа кампања “излезете гласајте и од утре сме ЕУ”, излегоа 36%. Така што ако на Заев и СДС не им е јасно, да им разјаснам. Во Македонија ќе има и парламентарни избори или претседателските ќе бидат бојкотирани и неуспешни! Во тој случај хунтава ќе ја одложи наплатата на фактурата, но ги уверувам дека наредната ќе биде уште поголема
Пандов: Во Македонија ќе има и парламентарни избори или претседателските ќе бидат бојкотирани и неуспешни!


